Половина од постојките за полнење на EV во Европа се лоцирани во две земји

Европската асоцијација на производители на автомобили ACEA ја истражуваше состојбата на мрежата за полнење електрични возила во земјите на Европската Унија (ЕУ)….

Каде има многу станици за полнење, а каде е „пустина“? Излегува дека речиси половина од сите станици за полнење на електрични автомобили во Европската унија се наоѓаат само во две земји: Холандија и Германија.

Заклучокот е очигледен – станиците за полнење не се рамномерно распоредени низ земјите на ЕУ, ниту ги има, барем во моментов, доволно. Европската унија моментално има околу 307.000 станици за полнење на електрични возила.

Сепак, речиси сите се во Западна Европа. Особено во Холандија и Германија, каде што не треба да вложите многу напор за да најдете станица за полнење, пренесуваат специјализираните портали.

 

Холандија и Германија сочинуваат помалку од 10% од вкупната површина на ЕУ, но речиси половина од сите станици за електрични возила во Европа се наоѓаат во овие земји.

Холандија има најмногу такви станици во цела Европа: 90.000 единици. Само Холандија има станица за полнење како 23 други земји од ЕУ заедно. Другата половина од сите ЕВ станици се распоредени во другите 25 земји на ЕУ, кои заедно покриваат 90% од територијата на регионот.

Затоа апсолутно не се зборува за мрежа за полнење во цела Европа. И сето тоа во време кога ЕУ сака да ги намали емисиите на CO2 од автомобилите за 55% до 2030 година.

Според студијата, дотогаш ќе бидат потребни 6,8 милиони јавни станици за полнење ЕV за да се постигне тоа.

Топ 5: Земји со најмногу станици за полнење

Холандија (90.284)

Германија (59.410)

Франција (37.128)

Шведска (25.197)

Италија (23.543)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги намалува субвенциите за купување EV

Новиот Audi RS3 co електричен мотор

Почна производството на Mercedes-AMG One

Новиот Porsche 911 GT3 RS на пазарот пристига 2023

Next.e.GO Mobile SE ќе произведува електрични автомобили во Македонија

Во Германија нови давачки за дизел и бензински автомобили а олеснувања за EV

Подновен беџот и имиџот на луксузниот автомобилски бренд

Илон Маск одличен дипломат -Tesla во Кина со „повластена“ позиција

Неофицијалните рендери открија многу можен изглед на претстојната BMW Серија 5.