За нејзината упорност помогна инспирацијата што ја доби од нејзиниот инструктор…
Како подарок за положениот испит добила нов автомобил од Hyundai.
Жената од Јужна Кореја Ча Са-Сун по 960-ти пат положила возачки испит, а на тестови и часови по возење потрошила вкупно 12,5 илјади евра.
Теоретскиот дел од испитот првпат го полагала во 2005 година, но успеала да го положи во 860. обид.
Сепак, вистинскиот предизвик дојде кога таа почна да го зема практичниот дел.
Но, како и на писмените и на практичните испити, покажа невидена упорност и конечно после 15 години обиди и неуспеси конечно успеа во својот план.
-Кога конечно успеа, сите почнавме да ја гушкаме, и купивме и цвеќе. Се чувствуваме како да ни е симнат голем товар од грб! Никој од нас не се осмели да и каже да се откаже, таа беше многу упорна – изјавил нејзиниот инструктор.