Полска со сопствена автомобилска компанија?

Полјаците се враќаат на автомобилската мапа на светот а тоа ќе се случи oфицијално за неколку денови, кога ќе се „сретнеме” со нов производител на автомобили, чиј мнозински сопственик ќе биде Полска…

Државниот производител сака да ја искористи експанзијата на електромобилност во светот.

Нивниот производ ќе биде електричен автомобил. Неколку енергетски компании учествуваат во проектот, што заедно со државата создадоа комплетно нова автомобилска компанија.

Проектот е наречен ElectroMobility Poland (EMP), основан во 2016 година, а ги вклучува компаниите PGE Polska Grupa Energetyczna, Energa, Enea и Tauron Polska Energetyczna. Подготвителната фаза на проектот е во завршна фаза, бидејќи се создава потполно нов бренд.

Веќе на 28 јули ќесе  сретнеме целосно ново име во автомобилската индустрија.

Компанијата ќе ги претстави логото и првите два модела во прототип фаза. Ќе  бидат модели од пониска средна класа, едниот ќе биде hatchback, а другиот SUV.

Сериското производство ќе започне во 2023 година, а монтирањето ќе се реализира во полска фабрика.

Локацијата е сè уште непозната.

Компанијата посочува дека планира да произведува 100.000 примероци годишно.

„Фантастично е што успеавме да собереме толку многу одлични професионалци околу полскиот електричен автомобил. Убеден сум дека уникатните дизајн и технички решенија, кои ги исполнуваат светските стандарди, ќе бидат препознаени пред очите на клиентите“. – истакна Пјотр Заремба, претседателот на компанијата EMP  .

Но првиот проект учествуваа дизајнери од компанјатаTorino Design како и Пољакот Тадеуш Јелек (Tadeusz Jelec), кој работеше во британскиот Jaguar.

Инаку, само како потсетување ќе речеме дека автомобили од различни брендови, како што се Opel, Fiat или, Volkswagen, се произведуваат денес во Полска.

Интересно е што фабриката за батерии на компанијата LG Chem исто така работи во Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пробни камери за „лoвење! на тие што снимаат сообраќајки на пат!

Над 600 илјади хотели во светот го прифаќаат биткоин како валута!

Снимен новиот Ford F-150 Raptor

Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

Наспроти кризата со корона вирусот Peugeot најави враќање на пазарот во САД веќе 2023

Турција и официјално има најдолга велосипедска патека на светот

McLaren F1- денес вреди 16 милиони фунти

Audi RS7 Sportback  со 962 КС

Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент