Polster 2 поради софтверска грешка на вонреден сервис

Шведската компанија е принудена да повлече повеќе од 2.000 примероци од електричниот hatchback Polestar 2 од пазарите во Кина и Европа…

Одлуката е донесена откако се поголем број сопственици започнале да пријавуваат прекин на снабдувањето со електрична енергија на тркалата за време на возењето.

Проблемот е предизвикан од грешка во софтверот што го контролира енергетскиот модул во батеријата, а од компанијата додаваат дека сè уште нема извештаи за сообраќајни несреќи предизвикани поради оваа неисправност.

Додека не се издаде известување за потрајно решение, корисниците се упатуваат на локални овластени сервиси.

Портпарол на Polestar додава и дека овој тип на проблем може да се реши со безжични ажурирања на софтверот, сепак, таквата опција нема да биде достапна до 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија