Помал Tesla Cybertruck за Стариот континент

Веќе е пишувавме за тоа дали Cybertruck би може воопшто да ги помине сите потребни тестови за хомологација за продажба на пазарите во Европа, но за темата да продолжи да биде актуелна, сега но пристигаатт нови информации од Илона Маск првиот човек на Teslа Motors….

Како и обично, Маск ги објави новите вести преку социјалната мрежа Twitter. Знаеме дека сериската варијанта е малку помала од Cybertruck изведбата  што Маск лично ја претстави во јавноста.

Сега, Маск изјави дека се разгледува и уште покомпактна верзија, наменета за европските потрошувачи.

На прашањето дали има шанси за помал Cybertruck за пазарите на Стариот континент, Илон одговори дека е многу веројатно дека таква изведба на тој модел ќе постои во иднина.

Како и да е, шефот на Teslа, исто така, наведува дека тие имаат „план В“, како што е пласман на друг pick-up, иако помалку егзотичен по изглед отколку што тоа  е Cybertruck, но сепак се разликуваат од она што во моментов се нуди на пазарот.

„Во моментов има многу pick-up модели на сцената и сите изгледаат слично. Едвај можете да ги најдете разликите помеѓу нив.

„ Tesla може да произведе такво возило, тоа  е лесно “, рекол меѓу другото Маск.

Сепак, според бројот на нарачки, може да се каже дека Cybertruck е веќе сега огромен успех за американскиот бренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Sonata N Line

Ваков скок може да изведе само Kia

Новиот Tesla Roadster ќе настапи на Нирбургринг 2021

Наједноставно и најевтино амфибија возило

Radical SR10 за тркачи и вистински ентузијасти во големите брзини

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti