Поминаа  60 години откако Volvo ни го подари безбедносниот ремен!

Повеќе од милион човечки животи се спасени благодарение на безбедносниот ремен од денот кога е измислен во 1959 година до денес, со што е еден од најзначјните пронајдоци, во досегашната историја на автомобилизмот во однос на безбедноста на патиштата…

Пред шест децении, Нилс Болин, инженер во Volvo  го измисли модерниот безбедносен ремен  во три точки.

Компанијата почна да го користи во своите возила, но откако се утврди колку животи можат да бидат спасени со масовната употреба, брендот го отвора патентот и овозможува бесплатна апликација кај сите производители на автомобили, што сепокажа клучно за намалување на жртвите во сообраќајни несреќи во целиот свет.

„Нема друг систем за безбедност, кој е пропорционален со ременот, кога зборуваме за спасување на животи. Тој е искористен максимално кај сите возачи, па дури и кај возачите на камиони, иако верувањето дека се помалку ранливи поради големината на возилото е погрешно“, Објаснува Ана Берлинг, директор за безбедност на патот и производите Volvo Trucks.

Важни факти за безбедносниот ремен:

–  Употребата на сигурносен ремен може да ги зголеми шансите за преживување за 40-60%, велат експертите

– Студијата на Volvo Trucks од 2017 година, вели дека половина од возачите на камиони погинати во сообраќајни незгоди ќе преживееле ако користеле сигурносен појас.

– Во последните 25 години, како резултат на зголемената употреба на сигурносни појаси, смртноста опаднала за 20% во Велика Британија и 25-30% во Германија

Првата земја која воведе задолжително врзување беше Австралија во 1970 година. Казните за сторителите беа многу сериозни, но ова резултираше со 20% помалку смртни случаи од несреќи.

– Прицврстувањето на ременот трае две секунди, а може да се покаже како одлучувачко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi A8 уште по напреден со нова иновација- паметно потпирање!

VW со нов мануелен менувач ќе ја намали потрошувачката за 5%

Првиот Toyota Prius PHV со соларни панели !

ZF co паметна трансмисија на силата!

Ducato MY2020 electric: повеќе технологија, поeфикасeн и со поголема вредност!

Претставена автономната BMW Series 7!

KIA и Hyundai- Дополнителни инвестиции во автономни возила

ACEINNA со нова сензорска единица за инерцијални мерења!!!

Супер компјутер за автономни автомобили на NVIDIA