Популарните комерцијални возула Piaggio преку Аутомакедонија стасаа кај нас

Аутомакедонија, како нов увозник и дилер на Италијанскиот производител на лесни комерцијални возила PIAGGIO COMMERCIAL за Македонија отпочнува уште една убава приказна во своето портфолио збогатено за престижната марка …

Од Aутомакедонија АД Скопје, деновиве, со гордост објавува дека во 2019 година, официјално започнува со реализацијата на уште еден нов проект, со потпишување на  договор за соработка (ексклузивно дилерство) со PIAGGIO Commercial Vehicles, дел од Италијанската групација PIAGGIO.

Дивизијата PIAGGIO Commercial, e производител на лесни комерцијални возила, со вкупна бруто маса до 3,5 тони, кои се идеални за работа во урбаните градски средини.

Возилата на Piaggio Commercial, се мали во димензиите но одлични во перформансите, флексибилноста и носивоста.

Само минатата, 2018 година, испорачани се – 210.500 лесни комерцијални возила од палетата на Piaggio Commercial.

Програмата на Piaggio Commercial е поделена во 2 категории на модели.

APE – комерцијални возила на три тркала, кои го носат со себе препознатливото ДНК на моторциклистичката дивизија на Piaggio. Трансформирани се во товарни возила – во кои може да се носи најразличен вид на товар, максимално се корисни и практични за користење во урбаните средини, а истите секојдневно се трансформираат за најразлични потреби – од градски кафулиња или ресторани на тркала, до одлични маркетинг алатки во секојдневието.

PORTERтоварни возила на четири тркала, со вкупна бруто маса од 3,5 тони со модели кои може да извлечат максимална дозволена носивост од 1,2 тони. Oд каросериска гледна точка, Porter може да се добие како – товарно возило со гола шасија (на која може да се надоградуваат разни апликации – особено атрактивни во комуналниот бизнис), отворен товарен бокс за превоз на секаков товар, како кипер – кој наоѓа одлична примена во градежништвото за превоз на материјали, шут и отпад и како затворена ван верзија.

Опремени се со бензински мотори, фабрички конвертирани мотори на бензин и течен нафтен гас (LPG), а се работи и на целосно електрифицирање на гамата на Porter.

Aутомакедонија со потпишаниот договор стана официјален и ексклузивен увозник и дистрибутер на Piaggio Commercial Vehicles за Македонија, а секако и како овластено лице за извршување на постпродажните активности.

Салонот за Piaggio Commercial, ќе биде лоциран во продажно сервисниот Мулти бренд комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, во Скопје, а првите возила се веќе на пат кон нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го смени шефот за развој на софтвери- Дојде како засилување, заминува како разочарување!

Jeep освои престижни награди со моделите Renegade, Wrangler и Grand Cherokee

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Горивата од полноќ повторно со повисоки цени

Uber ја купува апликацијата за достава на храна Postmates

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Suzuki го повлекува Jimny од европскиот пазар

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство