Поради дефект го премачкала автомобилот со измет од крави

За да се ослободи од проблемот, посегнала по старите добри народни решенија…

Климата најчесто се расипува за време на неподносливи горештини (марфиев закон), а токму тоа и се случи на Индијката Сејал Шах односно на нејзината Toyota Corolla.

Оваа дама посегнале по решението „направи сам“, а тоа тргнало во насока на дополнителна изолација на автомобилот.

Изборот падна на она што се користи со децении, па и со векови, а тоа е мешавина од кал и крави измет.

Сејал вели дека работата функционира, така што сега е значително поладно во автомобилот, дури и без активирање на климата.

Таа е убедена во одличните изолациони својства на овој природен материјал и вели дека на овој начин се изолираат и ѕидовите на традиционалните куќи во нејзината земја.

Според тамошните медиуми, изолационите својства се потврдени и во пракса, па така во овој автомобил кога стои на сонце температурата никогаш не надминува 45 степени, пишуваат светските портали.

Интересно, ова не е единствениот автомобил изолиран на овој начин.

Судејќи по објавите на социјалните мрежи, по Сејал истото го направиле и некои други Индијци и Индијки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

UAZ од Русија го напаѓа пазарот на теренски возила во САД

Новиот FIAT 500 со 19 –та награда во Европа

ŠKODA AUTO со тренинг Академија за продажба и пост-продажба

Toyota Venza sportski crossover дебитира во Кина

Новите згради во Велика Британија ќе мора да имаат приклучоци за полнење EV

Hycan Concept-S

Honda e:N SUV Concept & Honda e:N Coupe Concept

Citroen CX5 јуриша на австралискиот пазар

Колку заработуваат производителите на автомобили