Поради конструкциска грешка отпаѓаат делови од Tesla Model 3!

А, за тоа да се случи, не е потребен физички …

Водата е виновна за сè, односно таа е дополнителен товар. Имено, поради грешка во консрукцијата, Tesla Model 3 ќе ja собере вода од дожд што се влева во браникот и во моментот кога масата на вода ќе се зголеми доволно, врската помеѓу браникот и носачот ќе попушти, а браникот ќе отпадне.

На социјалните мрежи се објавени бројни примери за вакви случаи од Америка, а производителот исто така коментира бо врска со истото.  По деталната истрага во Teslа, тие потврдија дефект на примероците произведени пред 21 мај 2019 година.

„Во ретки случаи, одредени компоненти на Model 3 кои беа произведени во фабриката во Фримонт пред 21 мај 2019 година, може да бидат оштетени при возење низ стоечка вода на тротоарот (вирови) или автопат со слаба дренажа. Во овие ретки случаи , задниот дел може да се оддели и да се појават оштетувања на споевите.

Документот јасно дефинира дека таквата штета е покриена со гаранцијата “, велат од Tesla во службената изјава издадена од Electrek.Интересно, сите примероци произведени по овој датум имаат вдлабнатина за инсталирање на kuka, а тоа спречува акумулација на вода во браникот.

Еден од сопствениците на спорниот автомобил објави на Reddit дека потрошил 3800 долари за поправка на автомобилот. Некои се снајдоа дури и пред реакцијата на производителот и направиле дупки на дното на браникот, за водата да може слободно да истече.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобили со мала потрошувачка на гориво

Поплавени над 200.000 автомобили, купувачите би можеле да бидат измамени

Есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови

Миење на моторот може да донесе повеќе штета одошто корист

Peugeot 108 и Citroen C1 веќе не се произведуваат

Добро е да го вклучите клима уредот и во есен и во зима

Производители на гуми што подобро да не се ваш избор

Total ја купува најголемата мрежа електрични полначи во Лондон!

Кои автомобили најчесто се расипуваат, дизел, бензински, хибридни, plug-in хибриди