Поради недостаток на чипови VW го загуби првото место во Европа

Продажбата на патнички автомобили во Европа е намалена за 29 отсто во октомври во однос на истиот месец минатата година.

Тоа е најлошата продажба овој месец откако беше измерена, бидејќи кризата со чипови ја намали понудата на нови возила.

Регистрациите во Европската унија, Обединетото Кралство и земјите од Европската асоцијација за слободна трговија се на ниво од 798.693 возила, се наведува во извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Според информативните агенции, Kia, Porsche и Smart постигнале раст на продажбата и покрај падот на пазарот, додека Jaguar и Ford забележале драстичен пад на нивните регистрации.

Падот на испораките на Volkswagen Group од 42 отсто во октомври значеше дека Stellantis ја престигна како најпродаван европски производител на автомобили, чиј обем падна за 32 отсто.

Имено, Stellantis продаде 165.866 автомобили минатиот месец, во споредба со 165.309 автомобили на Volkswagen Group.

Групацијата VW неколку пати го стопираше производството оваа година во својата главна фабрика во Волфсбург, Германија, која го произведува најпродаваниот компактен хечбек, поради недостаток на полу проводници.

Групацијата VW, како и другите производители на автомобили, предност им даваат на своите најпрофитабилни марки и автомобили во производството, односно ги следат чиповите.

Брендот на Porsche Group ја зголеми продажбата за 13 проценти во октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период