Поради санкциите „заробени“ повеќе од 8.000 луксузни возила

Поради воведените санкции кон Русија, повеќе од 8.000 нови луксузни автомобили се паркирани во пристаништето Зибриж во Белгија речиси еден месец…

Според странските медиуми, станува збор за луксузни автомобили кои пристигнале по морски пат од Азија на почетокот на април и требало да бидат претоварени и транспортирани во Русија.

Но, во меѓувреме се воведени построги санкции со кои се забранува извоз на возила вредни над 50.000 евра.

Последица на тоа е што многу скапи автомобили останаа заробени во Белгија, пишуваат странските агенции.

Станува збор за серија луксузни модели, од американскиот Cadillac и јапонскиот Lexus до германските премиум маркии предводени, од особено посакуваниот, во Русија Mercedes.

Покрај автомобили, на пристаништето има и друга стока која остана заглавена поради санкции.

Досега се запрени околу 1.100 контејнери кон Русија, тврдат неименувани извори од управата на пристаништето.

Кога станува збор за автомобилите, се претпоставува дека тие ќе се транспортираат на други пазари.

„Автомобилите веројатно ќе останат тука додека не најдат купувачи на други пазари. Не знаеме кои се купувачите во Русија ниту во чија сопственост се во моментов. Овде има место за 10.000 возила“, рече Марк Адриансенс (Marc Adriansens), директор на терминалот за претовар на пристаништето. .

Зибриж е едно од најголемите пристаништа за претовар и пренос на возила со годишен обрт од дури два милиони возила и паркинг простор за 210.000 возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“