Поради слаб интерес -VW и PSA ги стопираат своите најмали модели во Европа

Преструктуирањето во понудата на големите не е ништо ново особено кога приходите од продажба драстично паѓаат, што е случај со малите урбани автомобили а што е потенцирано со новите еколошки барања

Во 2017 година, овој тип возил учествувал со само 8% од пазарот во Европа, а тоа ги стави нивните производители во многу тешка ситуација.

Според информација на Automotive News Europe, во  VW Group и PSA Group веќе сериозно се загрижени за иднината на сегментот на мини-автомобили и разговараат за можноста за запирање на нивното производство за европскиот пазар.

Генералниот директор на Volkswagen Group – Херберт Дис веќе јавно ги објави дека новите еколошки правила за штетни гасови, кои стапуваат на сила во 2022 година, кои ќе се покажат како огромен проблем за производителите., бидејќи за целосно да ги исполни нормите во 2030 година, цената на VW uP! Треба да се зголеми за најмалку 3500 евра.

-Актуелната најниска цена за овој автомобил е 11.000 евра. „Мислам дека нашите клиенти едноставно нема да можат да си дозволат такво нешто“, изјави тој.

Во PSA Group исто има стравувања дека ќе дојде до запирање на производството на автомобили од оваа класа, која сега е во соработка со Toyota во фабриката во Чешка.

Се претпоставува дека во 2021 година Toyota ќе стане единствен сопственик на фабриката, која ќе ги принуди PSA Group целосно да се откаже од производството на моделите Peugeot 108 и Citroën C1.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Audi e-Tron GTR – наследник на супер спортистот R8

PSA го префрла производството на Opel Astra од Британија во Германија!

Ford Mustang најпродаван coupe на светот четврта година по ред!

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!