Поранешниот шеф на дизајнот на Dacia го облече дресот на Alfa Romeo

Продолжуваат големите трансфери во автомобилската индустрија, последнот  на Алехандро Месонеро-Романос кој е новиот шеф на одделот за дизајн на Alfa Romeo…

Ова е уште еден доказ дека Stellantis има сериозни намери да го оживее потклекнатиот производител на спортски автомобили од Милано.

Прво, за извршен директор беше назначен Жан-Филип Импарато, човекот кој го водеше Peugeot со голем успех, а сега пристигнува уште едно засилување. Aлесандро Месонеро-Рамос (Alejandro Mesonero-Romanos)

кој работеше многу кратко време за групата Renault, односн Dacia. Тој го дизајнираше концептот Biggster за романската марка и тука завршија неговите креации, затоа што сега најде нов работодавач. Сепак, далеку порелевантен во споредба со работата од другата страна на Карпатите е неговиот ангажман во SEAT.

Под водство на Месонеро-Романос, шпанската марка целосно го смени имиџот и стана една од брендовите со далеку најатрактивна гама на возила.

Италијанските професионални медиуми пишуваат дека Месонеро-Романоза се соочува со голем предизвик во Alfa и дека тој ќе биде одговорен за создавање на нова насока за дизајн во таа компанија. Што точно тоа значи, останува да видиме.

Како и да е јасно е дека Giulia и Stelvio се едни од најубавите, ако не и најубавите модели во своите класи, но тоа и помогна многу на марката од Италија во подобрување на резултатите од продажбата.

Првиот проект на Mesonero-Romanos треба да биде мал SUV модел од В сегментот, кој ќе биде поставен на платформата CMP на поранешната групација PSA.

Тој crossover ќе има и електрично издание, но не треба да има драстични промени во дизајнот помеѓу двете варијанти.

Покрај тоа, Италијанците веруваат дека шпанскиот дизајнер ќе биде задолжен за изгледот на новата генерација Giulietta а, односно идниот hatchback во C сегментот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari F125 TDE?

Од Германија најавен EV болид побрз од Rimac C_Two

Спортски концепт Suzuki Misano by IED

Хипер автомобил Viritech Apricale со 1100 КС

Volkswagen под истрага поради прво-априлската шега Voltswagen

Возете паметно и заштедете повеќе

Уникатен блиндиран Porsche 911

Луксузниот Bentley на кралицата на Англија на аукција!

GTO Engineering Squalo инспириран од Ferrarijem 250 GTO