Porsche 911 Targa (2020.) уловена на тестирање на автопат

Атрактивната верзија со подвижен платнен покрив и roll-bar, ќе биде задвижувана од мотор што се вградува во Сarrerа S моќен 450 KS, со пигин на задни тркала и на сите четири 4×4 …

Новата верзија на култниот Elfer (11) ја најавува одличната за возење под ведро небо изведба за наредното лето и се придружува на 911 Carrera Cabriolet.

 

Секао, во Цуфенхаузен (Zuffenhausen) интензивно ја подготвуваат и атрактивната верзија 911 Targa, чии претходници имаат посебно место во историјата на Porsche.

Пазарната промоција на тој модел е предвидена за март идната 2020 година за да биде подготвена за летото 2020-та.

Порталот Autozeitung.de објави автентични фотографии на моделот во завршните фази на тестирања на јавен пат.

 

Станува збор за модел со електрично задвижуван покрив помеѓу рамките на ветробранското стакло и средишниот рам (roll-bar), што со притисок на копче се складира во комората во задниот дел, заедно со механизмот со лостови за подвижната конструкција на задното стакло со капакот

Кабриолетот ќе го задвижува мотор од 911 Carrera S, со шест цилиндри – bokser конструкција bi-turbo бензинец со работен волумен од 3.0-литри, моќен 450 KS.

Во сериската верзија ќе има погон на задните тркала, а достапен во верзијата 911 Targa, со погон4×4.

Тоа ќе биде вистинско колаче за вљубениците во спортските автомобили.

Погледајте го интересното видео за историјата на Porsche 911 Targa, воведен во понудата  во 1967 година, направен поради безбедносни причини (во случај на превртување) на најважниот пазар за марката – САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Fiat Panda Waze, еволуција на нај социјалниот градски автомобил!

Обновена Мazda2

Електричниот Lotus Evija хипер автомобил со 2000 КЅ!

Јeep Wrangler 1941 by Mopar

Opel Omega X (2020) динамична креација изведена од Peugeot 5008

Новиот Jeep Gladiator за Европа

Новиот Nissan Juke најавен за 3 септември

Кон крајот на годинава во Европа пристига Ford Explorer

Електричен Mini Cooper SE -дебитира годинава!