Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Неодамна претставената нова генерација Porsche 911 Targa веќе го доби своето прво специјално издание…

Тоа е 911 Targa 4S Heritage Design Edition, дизајниран да ги евоцира педесеттите и шеесеттите години од минатиот век со помош на елементи од класичен дизајн, кои се комбинирани овде со најнова технологија.

Автомобилот е во ексклузивна Cherry (цреша) метална боја а ќе бидат достапни уште четири бои, со контрастни ознаки во златна боја, а тука се и црни клешти на сопирачките, ретро бели акценти и специјална значка на Porsche Heritage.

Се издвојува и логото од Porsch од 1963 година на предната хауба, воланот, потпирачите за глава и клучот, како и на тркалата Carrera Exclusive Design од 20 и 21 инчи.

Внатрешноста е во Bordeaux Red/Atacama Beige кожа или во Black/Atacama Beige комбинација.

За погон е одговорен 3,0-литарски twin-turbo мотор, со шест-цилиндри, со моќност од 331 kW / 450 КС и 530 Nm, а во комбинација со пакетот Sport Chrono и автоматскиот менувач од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,6 секунди и постигнува максимална брзина до 304 км/ч

Во план е ограничена серија од 992 примероци (поради внатрешната ознака 992 на тековната генерација 911), а продажбата започнува оваа есен, додека цената е 136.643 британски фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)