Porsche Carrera GT во напуштен салон собира прашина!

За љубителите на автомобили, две работи се подеднакво тешки; да гледаат скршени или напуштени супер автомобили

Култните супер автомобили како што се Porsche Carrera GT и Ferrari 575 Superamerica во Кина собираа прашина веќе со години. Во поранешниот Ferrari/Maserati  автомобилски салон, во Кина немало клиенти со години.

Најголемата причина е лошиот бизнис од 2007 година, но и фактот дека владата во Кина со години се бори против корупцијата и прекумерното расфрлање со богатство.

Поради оваа причина, Porsche Carrera GT, еден од високо ценетите колекционерски тркачки автомобили, остана да собира прашина.

Конкретниот примерок е обоен во Zanzibar Red Metallic боја и е 1255-ти од вкупно произведени 1270 примероци. Вистински штета, затоа што овој тркач е навистина достоен примерок ( што и вреди околу 800 илјади американски долари).

Под неговата хаубата дише атмосферски бензински мотор со работен волумен од 5,7-литри со 10 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од  612 КС и 590 Nm максимален вртежен момент.

За „жалот” да биде поголем покрај него во истиот салон собираат прашина и Очигледно, постојат и Ferrari 575 Superamerica , како и Chevrolet Corvette C5 Z06. Судејќи според напластениот прав, нивната судбина е исто така непозната.

Се надевам дека овие фантастични тркачи наскоро ќе бидат изнесени и возени на пат, или барем ќе пронајдат свое место во гаражата на некој колекционер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои електрични автомобили имаат најголем досег!?

Уловена новата Škoda Fabia

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на тренинг појдоа со стара Fiat Panda!

Снаодлив возач успеал да оспособи за возење тешко хаварисана Škodа

Кен Блок ја прекина соработката со Ford!

Новите Renault 4 и Renault 5 како електрични автомобили?

Mercedes-Benz G-klasa, Land Rover Defender или Jeep Wrangler, кој е крал на беспаќата!

Нај луксузната изведба на Lada Niva ве остава без здив

Екс вработен во Mercedes од освета со багер демолирал 50 нови возила!