Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Поради купувачите кои не сакаат да имаат и трет педала на подот под нив во Porsche, наскоро, во своите модели од Series 718 како опција, ќе понудат и автоматски систем, со двојна спојка, на трансмисија на силата…

На задоволство на традиционалните вљубеници во  Porsche ( повеќето од нив се традиционалисти)  e помеѓу автомобилските компании што не се откажуваат од производство на модели што се нудат во комбинација со рачни менувачи.

Истовремено во оваа славна автомобилска компанија од Цуфенхаузн, Германија , велат дека се повеќе купувачи на нивните автомобили преферираат супербрзи автоматски менувачи со две спојки (PDK), па за поедини модели што изворно се нуделе само со рачни менувачи се подготвуваат и спомнатата автоматска опција.

Па така, од Porsche, кон крајот на годинава на купувачите како опција ќе им понудат автоматски менувач во комбинација со моделите 718 Cayman GT4 и 718 Spyder што во моментов можат да се купат само рачен менувач, a во Штутгарт тврдат дека двата модели што го задвижуват  централно поставениот  4,0 –литарски атмосферски мотор со шест цилиндри boxer мотор, моќен 420 KS, од 0 до 100 km/h ќе забрзува побрзо одошто во комбинација со шест степен мануелен менувач на брзини (4,4 секунди).

Судејќи според се PDK менувачот во најсилниот „двоец“ од Серијата 718 нема да биде единствена новина, идејќи во догледно време се очекува уште помоќен Cayman што ќе биде обележан со ознаката GT4 RS.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео: најава за новите BMW M3 и M4

VW ID.3 најпродаван модел во првата половина на септември во Норвешка!

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

„Сензационален трансфер“- Rimac станува сопственик на Bugatti

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд