Porsche чекор понапред во персонализација, ваш отпечаток од прст на хауба

Porsche Exclusive Manufaktur e посебна дивизија што може, за вас, на пример, да направи розов Сayenne Turbo S, со отвори за вентилирање во бојата на возилото или со детали во слична боја во кабината, а сега  во оваа дивизија одат скалило погоре во програмот на персонализација и го креваат на сосема ново ниво, со воведување на можност на прекривање со отпечаток на прстот врз моделот 911…

Во настојувањата да креира сосема персонализиран модел 911, вашиот отпечаток од прст може да се претвори во графика на хаубата на спортскиот автомобил преку директен начин на испис, развиен од страна на експертите од Цувенхаузен (Zuffenhausen).

На почтокот таа опција ќе биде ограничена исклучиво на хаубата, ама подоцна ќе може да се испише и на другите делови од каросеријата на автомобилот и нема да морате да се одлучите за отпечаток од прстото бидејќи ќе бидат понудени и други дизајни за корисниците.

Компанијата ќе мора да го симне капакот на моторот, a потоа роботите на тој дел од каросеријата ќе нанесат биомтриски отпечаток од сопственикот.

Потоа ќе се нансе проѕирен премаз и тогаш капакот на моторот ќе се исполира за да се обезбеди врвен квалитет на лакот, препознатлив за Porsche.

Потоа, хаубата се враќа на своето место на автомобилот и добивате оригинален дизајн на својот автомобил.

За својот специфичен примерокк на лакот на новиот модел 911  од Porsche Exclusive Manufaktur бараат да се плати околу осум илјади европски банкноти, a од дивизијата потенцираа дека наскоро ќе почнат со преземање на нарачките за овој вид на персонализација.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volkswagen Arteon coupe: евтина алтернатива на Audi A5 или нешто повеќe?!

Разбојникот го исфрлил сопственикот од автомобилот но потоа не знаел да излезе од него !

Известување до потрошувачите, целокупната јавност и до сите релевантни институции

Новата Opel Mokka веќе ја возеше Јирген Клоп

Се продава Dodge WC-57 во кој во Втората светска војна се возел легендарниот Генерал Патон

Долга традиција на електрични автомобили на Opel

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Audi го заштити името R8 Green Hell и ја потврди екстремната изведба

Fiat 500e Abarth- Спортската икона доби погон на струја