Porsche Coupe 2024- Истребувач  на BMW Serieѕ 8

Спортската 4,8-метри изведена од Panamerа креација во најмоќната изведба Turbo S E-Hybrid , со повеќе од 700 KS, ќе нуди импресивни супериорни перформанси – спринт до „стотка“ за 2,9 секунди и топ брзина од 320 km/h)

Секако се подготвува и целосно електричната ракета во лабораториите и истражувачките центи на производителот на спортски автомобили од Цуфенхаузен, на премиум платформата за електричните изведби PPE (Premium Platform Electric), што покрај извонредните перформанси, автономијата според WLTP, би требало, да ја зголеми на респектабилни до 500 km!.

Основната верзија на тоа coupe со две врати и со четири полноправни седишта, како кај моделите Cayenne и Panamera, се создава врз модуларната спортска платформа MSB (Modularen Sportbaukasten), a силуетата, долга 480 cm, е микс од моделите 911 и од Panamera.

Основната верзија ќе биде опремена со бензински мотор со работен волумен од 3.0-литри, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што ќе располага со моќност од 345 KS, a средната по моќ со мотор со работен волумен од 4.0-литри, со осум цилиндри исто така во  V конфигурација, со два турбо полнача (Biturbo) со моќ од 570 KS.

Најмоќната со целосно електричен погонски склоп ја претставивме на самиот почеток на информацијата.

На пазарот, според предвидувањата, би требало да се појави во текот на 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновена Мazda2

Електричниот Lotus Evija хипер автомобил со 2000 КЅ!

Јeep Wrangler 1941 by Mopar

Opel Omega X (2020) динамична креација изведена од Peugeot 5008

Новиот Jeep Gladiator за Европа

Новиот Nissan Juke најавен за 3 септември

Кон крајот на годинава во Европа пристига Ford Explorer

Електричен Mini Cooper SE -дебитира годинава!

Škoda Scala официјално претставена кај нас – „Храброста не движи напред!“