Porsche Design и Lucasfilm Ltd покажаа ѕвезден брод за следниот Star Wars

Еден од вселенските бродови во наредното продолжение на филмскиот серијал Star Wars  – филмот The Rise of Skywalker е дизајн на познатиот производител на спортски автомобили од Германија…

По две месеци заедничка работа Lucasfilms  и Porsche  дизајнираа вселенски брод што ќе се појави во филмот.

Со дизајнирање на вселенскиот брод пред Porsche се исправа еден нов, досега непознат предизвик.

Меѓутоа и покрај тоа што вселенските бродови и спортските автомобили припаѓаат во потполно различни категории, суштински тие споделуваат иста филозофија на дизајнот.

Всушност, Мајкл Мауер,  потпретседател за дизајн во Porsche, навел дека соработката со тимот на Star Wars инспирира и фасцинира и дека е сигурен дека соработката донела само добри нешта и за двете компании.

Тоа значи дека, можеби, и новиот автомобил на Porsche ќе има  hyperdrive со погон на сите четири тркала! …

Се разбира тоа е само шега, што може да развесели и да не забавува, но работата на филмот акумулирала ново, свежо искуство за дизајнерите на Porsche, што секако ќе донесе добивка и инспирација во нивната креативност во иднината.

Новиот вселенски брод  ќе може да го видиме на големиот сребрен екран од 20-ти декември тековната 2019 година,  за кога е закажана премиерата на филмот The Rise of Skywalker.

На крај повторно ќе нагласиме  ова е прв пат некој производител на автомобили да биде ангажиран во рамките на Star Wars франшизата, но, како се покаже како успешно, може да значи и почеток на еден нов тренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светската тнисерска ѕвезда- Новак Ѓоковиќ во реклама за Peugeot e-208

Автомобилската колеција на Пол Вокер продадена за 2,33 милиони доалри

BMW i4 concept пристигнува за малку повеќе од еден месец во Женева!

За првиот нов Chevrolet Corvette Stingray платени 3 милиони долари!

Audi и FC Bayern München продолжуваат заедно- фудбалерите добиваат e-tron!

Специјална Royale серија модели на Maserati за супер избирливи клинти!

Ford Mustang GT од филмот Bullitt продаден за 3,74 милиони долари

Hongqi H9 –Премиум ривал на германското свето тројство доаѓа од Кина

Subaru со безобразна кратенка (акроним) F.U.C.K.S* за возило