Porsche дизајнира вселенски брод са следниот филм од франшизата Star Wars

Еден од вселенските бродови во наредното продолжение на филмскиот серијал Star Wars  – филмот The Rise of Skywalker ќе има вистинско тркачко педигре…

Имено Lucasfilms го ангажира Porsche да дизајнира вселенски брод што ќе се појави во филмот.

Со дизајнирање на вселенскиот брод пред Porsche се исправа еден нов, досега непознат предизвик.

 

Меѓутоа и покрај тоа што вселенските бродови и спортските автомобили припаѓаат во потполно различни категории, суштински тие споделуваат иста филозофија на дизајнот.

Всушност, Мајкл Мауер,  потпретседател за дизајн во Porsche, навел дека соработката со тимот на Star Wars инспирира и фасцинира и дека е сигурен дека соработката донела само добри нешта и за двете компании.

Тоа значи дека, можеби, и новиот автомобил на Porsche ќе има  hyperdrive со погон на сите четири тркала! …

Се разбира тоа е само шега, што може да развесели и да не забавува, но работата на филмот акумулирала ново, свежо искуство за дизајнерите на Porsche, што секако ќе донесе добивка и инспирација во нивната креативност во иднината.

Каков ќе биде дизајнот, засега е непознато, бидејќи добро се крие, a истиот ќе може да го видиме од 20-ти декември тековната 2019 година,  за кога е закажана премиерата на филмот The Rise of Skywalker.

Инаку, ова е прв пат некој производител на автомобили да биде ангажиран во рамките на Star Wars франшизата, но, како се покаже како успешно, може да значи и почеток на еден нов тренд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа