Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Поголемиот дел од флотата на Porsche повторно стаса во Скопје нудејќи ни одлична можност вистинска пикантерија за автомобилските зависници, да го пробаме и новиот Porsche 911!

Да атрактивниот нов 911 во две верзии, беше дел од флотилата на Porsche во која беа уште и пристигнаа и новиот 718 Cayman T, потоа 718 Boxster GTS, Macan S, Panamera Turbo S E-Hybrid и големиот и моќен SUV – Cayenne Turbo.

Веднаш го избравме новиот 911, намерно, или, пак по игра на случајот, ја отворивме вратата на новата генерација на легендарниот elfer (11) и седнавме зад неговиот управувач. Може да речеме дека не е случано бидејќи ја возев на двпати, а во вториот наврат затоа што немав со возач за менување „земав двојна доза“ од адреналинското возбудување што го овозможува 911 Carrera S.

Новата генерација ја носи ознаката 992 има  многу новитети. Дизајнот е еволуција друго и не очекувавме, но веднаш се забележува дека станува збор за нов модел, особено одзади. Сега сите верзии се со поширока каросерија и имаат  мотор со турбо полнач. Агрегатот е рафиниран 3,0-литарскиот twin –turbo boxer, со шест цилиндри, со 450 КЅ, што на Carrera S и нуди забрзување од 0 до 100 km/h за 3.5 секунди. Во Carrera 4S (штоја исто така ја возев на два пати, но малку подоцна) со погон на сите четири тркала спринтира за 3.4 секунди, но крајната брзина е 306, наместо 308 km/h како кај изведбата со заден погон.

Можеме да констатираме дека разликата помеѓу двата автомобила е минимална , со тоа што во Carrera S попради задниот погон уживате повеќе во возењето, го чувствувате задниот крај и како автомобилот си поигрува …

Префинетоста и рафинираноста во возењето на  Porsche се отсликува токму кај овој автомобил, како на правци на автопат, така и по преполниот пат со свиоци во Маврово, околу Мавровското Езеро, па дури и на колскиот пат во Галичник нуди пуристичко уживање.

 

Директното управување и подготвеноста на моторот да одговори на секоја ситуација се на највисоко рамниште навистина  911 е сон за сите кои уживаат во возењето.

Едноставно седите совршено впиени во седиштето и уживате во трансформацијата која 911 ја доживува кога ќе префрлите од Normal во Sport. Управувачот станува поцврст, суспензијата покрута, одѕивот на педалот за гас е подиректен а оркестарот одзади почнува погласно да свири. Погледувате пред вас централно на аналогниот мерач на вртежи и на лево и десно од него  поставените дигитални дисплеи во ретро стил на инструменти и забележувате дека несетно сте ја минале бројката од 200 km/h …. Неверојатно…

Како смирување дојде преминот во двојката – технолошки близнаци Cayman и Boxster, стартните модели за влез во светот на возбуди и забави креиран од Porsche, што и и овој пат не освоија со уживањето што ни го понудија и тоа тонално, визуелно и духовно, кревајќи ни го адреналинот и разгорувајќи ја страста зад управувачкото тркало.

Но, малите спортски автомобили со моторот поставен на средината, особено Cayman T ја раскажува успешната сторија и филозофија  на 911 Carrera T со фокус на тие кое сакаат неизмерно да се забавуваат во возењето.

Опремен со 2,0-литарски боксер турбо-бензинец, со 300 КЅ спринтира до 100 km/h за 5.1 секунда, а за 4.7 секунди со Sport Chrono пакетот и јури се до 275 km/h.  Моделот 718 Boxster GTS е помоќен -365КЅ и од 0 до 100 km/h забрзува за 4.9 (или 4.1 со Sport Chrono пакет) до крајните 290 km/h. Ознаката GTS ја носат само посебните изведби и 718 Boxster GTS е навистина тоа, Неговата оркестрација при секое стапнување на педалот на гас трешти од звучните „фанфари“ (ауспусите) свирејќи прекрасна моторна арија… Возењето на Cayman и Boxster, поради централно поставениот мотор и балансот нуди повисоко ниво на неутралност и управливост, мамејќи ве да возите до крајните граничи. Но не и на Porsche Driving Expеrience, има правила и строг инструктор… !

Подновениот и дотеран Macan делува усште попривлечно, а опремен со 3,0-литарски twin-turbo бензинец со шест цилиндри во конфигурација во форма на латинската буква V испорачува ергеле од 355 КЅ и нуди забрзување од 0 до 100km/h за само 5.1 секунда. Спакуван во зелена боја делува како магнет за погледите на минувачите . Нас не воодушеви со агилноста и управливоста.

Големиот Cayenne Turbo опремен со  4-0 литарски twin turbo бензинец, со осум цилиндри поставени во форма на буквата  V испукува  550 КЅ и 770 Nm вртежен момент. Тоа му обезбедува катапултирање од 0 до 100 km/h за 3.9 секунди и постигнува максимални 286 km/h. Повторуваме за 3.9 секунди!, a со системот за управување на задните тркала, новата, напредна воздушна суспензија и активниот анти-рол бар добивате коктел кој ги кунтува од нозе зависниците од адреналин и забава во возењето.

Сепак некако најмногу се радува на Panamera – Panamera Turbo S Eсо 4,0-литарски twin turbo V8 , 550 KS и plug in хибриден систем со батерија со капацитет од 14.1 kWh и електромотор кој за плус 136 КЅза вкупна моќност од 680 КЅ и 850 Nm вртежен момент.

Освојува со врвен луксуз, пространост напредните гаџети – и секако супериорните перформанси какви што и му прилегаат на Porsche.

Од 0 со 100 km/h забрзува 3.4 s., а јури се до максималните 310 km/h, притоа само на струја може да вози до 40-km. За тие со голема еколошка свест овој супер спортист седан – купе , ако внимателно возат и се нежни со педалот за гас, може малку да троши и да биде многу пријателски настроен кон природата.

По се што е убаво доаѓа едно мало разочарување зошто му дошло крај на тоа . Возбудлив ден со моќните спортски креации уште долго ќе се врти во мислите и ќе не потсетува на забавата со ергелето на Porsche a особено силни се впечатоците од новиот 911 …

До следно видување во ново издание наPorsche Driving Expеrience а можеби и на Road Track

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio со најдобри времиња на три патеки во Британија