Porsche Exclusive третман го направи новиот 911 Turbo S уште подобар!

Иако моделот 911 Turbo S е неодамна претставен, Porsche Exclusive одлучи убаво да го надгради со нова боја како и по некој ексклузивен детаљ во внатрешноста…

Неодамна претставена, најмоќната изведба на моделот 911 е навистина атрактивен автомобил.

Но, експертите во Porsche Exclusive во оваа пригода навистина го надградиле, па така  911 обил нова Indian Red боја, затемнети предни и задни светла во LED технологија, црни странични отвори за воздух, како и Porsche Exclusive фелни од алуминиум, во две бои, а со големина од 20 – инчи.

Во внатрешноста се издвојуваат нови црвени детали, Turbo S натпис на плочата за управување како и познатото лого на Porsche на потпирачите за глава.

Спортски седишта, голем информативно забавен систем, се е тука.

Исто така, и познатиот Sport Chrono пакет ќе ги израдува бројните вљубеници во марката и во моделот.

Новиот 911 Turbo S, под хаубата на агрегатот има инсталирано boxer мотор, со работен волумен од 3,8 литри, со шест цилиндри, што располага со моќност од дури 650 KС, како и 800 Nm вртежен момент.

Тој агрегат му овозможува забрзување од 0, до 100 км/ч за само 2,7 секунди, a максималната брзина што ја постигнува изнесува 330 km/h.

Цената за овој моќен пакт на моделот кој израсна во вистински култ изнесува речиси 220 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?