Porsche го претстави 99X Electric за Formula E

Porsche со 99X Electric ќе стартува за прв пат во Formula E во наредната сезона 2019/20, со пилот- возачите: Нил Јани и Андре Лотерер

Развојот на „Porsche E-Performance Powertrain“ одигра централна улога во тркачкиот автомобил уште од страртот.

Регулативите на Formula E предвидуваат стандардна шасија и стандардна батерија, додека погонските технологии ги развиваат самите производители.

Инженерите на Porsche се потпираа на развојниот процес на LMP1 во развивањето на погонската линија за Formula E.

Porsche 99X Electric ќе послужи како развојно возило за идните целосно електрични производни возила.

„Гледајќи наназад, го поставивме камен темелникот за идното вклучување на Porsche во Formula Е за време на проектот LMP1.

Ние го искористивме стекнатото знаење во развојот на погонот на Porsche Formula E. Се фокусиравме на градење високоефикасен погон со максимална ефикасност,“ изјави Малте Хунеке, менаџер за технички проекти на Formula Е.

Покраај тоа 800 волтната технологија што се користи во Formula Е, исто така, ќе се користи во првиот електричен спортски автомобил на брендот, Taycan.

Првиот официјален настап на тимот на Porsche Formula E ќе се случи кон средината на октомври 2019 година, во Валенсија, што ќе биде реалеен тест за официјалната прва трка во ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвената униформа и Шумахер – повторно заедно!

Натпреварувањето во Twingo Cup продолжи со трката на Ушќе

Светска премиера на IAA: Opel е првиот производител на автомобили со електрично рели возило

Франкфурт 2019-Светска премиера на прв рели тркач на струја: Corsa- e Rally

BMW M8 MotoGP Safety Car

Lamborghini на “ниет“ за влез во нова hyper класа на Le Mans!

Audi ќе ја збогати палетата на RS модели со шест новитети

Во Renault F1 болидот за тековната сезона галопираат над 1.000 КС

Хет-трик на Мартин Делев на TWINGO CUP