Porsche и Red Bull партнерство што нема да се случи

На почетокот на мај, поранешниот извршен директор на групацијата Фолксваген, Херберт Дис, потврди дека Porsche и Audi ќе влезат во Formula 1 од сезоната 2026 година, кога ќе стапи на сила новиот сет на прописи…

Се појавија гласини дека Porsche сака да склучи договор со Red Bull за нова ера во Formula 1 во која болидите ќе работат на целосно синтетичко гориво.

Соопштението за печатот објавено денеска од Porsche потврдува дека разговорите се воделе во последните месеци, но се прекинати.

Имено, двете страни не успеаја да се договорат поради разликите во начинот на функционирање на тимот. Porsche сакал спојувањето во F1 да биде „засновано на еднакви основи“, но Red Bull одби.

Желбата на германскиот бренд за спортски автомобили беше да обезбеди повеќе од само мотор со преземање на половина од одговорностите на тимот.

„Секогаш се претпоставуваше дека партнерството ќе се заснова на еднакви основи, што ќе го вклучи не само партнерството за моторот, туку и тимот. Тоа не можеше да се постигне.

Според Motorsport.com, Porsche всушност сакал да преземе 50 отсто од акциите во F 1 бизнисот на Red Bull, што на крајот станало причина за расправија.

Оригиналниот план беше договорот да се официјализира во средината на јули за време на Австриското ГП, но тоа очигледно никогаш не се случи додека се одолговлекуваа дискусиите.

Шефот на Red Bull F1, Кристијан Хорнер (Christian Horner), инсистира дека тимот треба да ја задржи својата независност и од 2026 година. Ние сме на навистина возбудлива траекторија која не зависи од надворешно учество или инвестиции доколку постои вистинскиот стратешки партнер“.

Иако договорот со Red Bull нема официјално да се случи, Porsche се уште е заинтересиран да се приклучи на F1: „Со финализирањето на промените во правилата, тркачката серија сè уште останува атрактивна средина за Porsche, која ќе продолжи да се следи“.

Во меѓувреме, неодамнешните извештаи сугерираат дека Audi сака да склучи договор со тимот на Sauber и да влезе во F1 веќе од 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lancia Delta Evo-e RX на Леб со „одежда“на Martini

Во В. Британија стравуваат: Електричните возила се премногу тешки

Dacia ќе учествува на релито Дакар од 2025 година

Кон крајот на годината Audi ќе го тестира својот Ф1 мотор

Toyota GR H2 Racing Concept

Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили