Porsche- Откако е одбиен од Red Bull и McLaren повеќе не сака да влезе во F1

Формула 1 е на највисоко ниво во својата историја, Аudi наскоро ќе има свој тим, Ford ќе се здружи со Red Bull, а Аndretti своите планови ги прави со поддршка на General Motors (GM)…

Сепак, новиот извештај вели дека Poesche  се откажал од влегувањето во светот на F1. Гласините за влезот на Porsche во Formulа 1 постојат долго време, но во мај 2021 година, тогашниот извршен директор на VW Group Херберд Дис (Herbert Dies) потврди дека брендот од Штутгарт ќе ги искористи новите правила за 2026 година и ќе влезе во Formula 1. И додека групацијата VW ќе ја претставува Audi што ќе го преземе тимот на Sauber, се чини дека надежите за присуство на Porsche во најбрзиот циркус на светот се намалуваат.

The Race известува дека германскиот производител ја завршил својата формална проценка на програмата. Како што потсетуваaт информативните агенции, Porsche планирал да купи 50 проценти од акциите на Red Bull Racing и тоа ќе биде соодветен договор за производителот бидејќи ќе обезбеди мотор и капацитети за развој благодарение на одделот Red Bull Powertrains.

Сепак, набрзо стана јасно дека Red Bull не сака да се откаже од контролата врз дивизијата и затоа одлучи да се здружи со Ford од 2026 година. Ова го остави Porschе со ограничени опции.

Можноста Volkswagen да купи или инвестира во McLaren, наводно, исто така пропадна, оставајќи го Porsche со опција да ги ребрендира моторите на Аudi и да стане снабдувач на друг тим, но таа опција не е атрактивна. Со оглед на фактот дека нема други тимови за продажба, единствената опција на Porsche е да започне од нула и да се пријави како нов тим бидејќи FIА го отвора процесот за зголемување на бројот на тимови на гридот од 10 на 12 од 2025 година.

Сепак, тргнувањето од „нула“ би претставувало значително повисоки финансиски инвестиции од претходните опции. Доколку Porschе успееше во својот план, тоа ќе беше негово прво враќање во Foirmulа 1 по партнерството со Footwork во 1991 година. Со оглед на тоа дека по се плановите се „мртви“, на Porshe му останува да се фокусира на својата програма во електричната Formula Е и ќе се врати во ЛLe Mans.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lancia Delta Evo-e RX на Леб со „одежда“на Martini

Во В. Британија стравуваат: Електричните возила се премногу тешки

Dacia ќе учествува на релито Дакар од 2025 година

Кон крајот на годината Audi ќе го тестира својот Ф1 мотор

Toyota GR H2 Racing Concept

Opel и ADAC го продолжуваат партнерството во рели купот на електрични возила

Alpine A110 GT4 Evo за Pikes Peak

Извршниот директор на F1 овој спорт никогаш нема да прејде на електрични автомобили

F1 возачи ќе можат да дадат политички, верски и лични изјави на свој личен простор