Porsche Panamera го прослави 10-от роденден

По познатиот обид со моделот 989, марката од Цуфенхаузен конечно успеа да го реализита планот за голем 911 и во 2009 година го лансира убавецот што на почетокот никој не можеше да го сфати ношто продолжува да „вози“ по патот на успехот…

Пред 10 години производителот на спортски автомобили влезе во сосема нов пазарен сегмент, со денес, веќе познатиот моде – Panamerа.

Тоа беше првиот адут на Porsche во свето на лимузините со четири врати.

Како ниту еден друг автомобил во класата на луксузни автомобили, овој модел комбинира перформанси што се очекуваат од спортски автомобил, со луксуз и сестраност што никогаш не би можеле да ја замислиме во таков тип на автомобил.

На почетокот во Porsche планирале годишно производство од околу 20.000 примероци, но Panamera веќе одамна ја надмина таа цифра и сите очекувања би рекле: досега се испорачани повеќе од 235.000 автомобили.

Семејниот модел „ поделена личност“  на светската јавност за прв пат е претставен во 2009 година на салонот во Шангај, Кина.

Спортскиот и едновремено луксузен модел ги искористи бројните технички иновации кои никогаш претходно не биле достапни во модел од луксузна серија.

Убавиот јубилеј и првата деценија на моделот ќе ја одбележи и музејот на  Porsche.

Имено во чест на јубилејот „10 години на Panamerа“, за посетителите ќе бидат прикажани осум примероци, од првите прототип изведби , до актуелната генерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Bentley прославува 100-ти роденден!

Среќен роденден Fiat 500!