Porsche планира целосно електрична Panamera!

Porsche неодамна претстави ажурирана верзија на Panamera, чиј асортиман вклучува, меѓу другото, верзија Panamera 4S E-Hybrid….

Оваа варијанта комбинира бензински V6 агрегат, електромотор и батерии од 17,9 kWh, со вкупна моќност од 560 КС и 750 Nm.

Исто така, опсегот во електричен режим изнесува 54 км (според WLTP протокол).

Меѓутоа, ако некој сака целосно електрична Panamera, има шанса и за тоа.

Така неодамна потпретседателот на Porsche за палетата на производи д-р. Томас Фриемут (Thomas Friemuth) откри дека компанијата навистина размислува за електрична варијанта на Panamerа.

Тој наведува дека Porsche проценува како ќе се развива пазарот во иднина, додавајќи дека повеќето продадени Panamera модели во Европа се со хибриден погон.

Исто така, во компанијата не веруваат дека електричната Panamera и постојниот Taycan би се преклопиле или би се бореле за истите клиенти.

Како што истакнува Фриемут, Panamera е поголема од Taycan и нуди попростран ентериер. Со други зборови Panamerа е поинаков автомобил, во споредба со Taycan

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Салонот во Женева би можел да се одржи во 2021 но во поинаква форма!

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд