Porsche предвидува: моторите во иднина ќе растат

Porsche предвидува дека во блиска иднина, по намалувањето на волуменот, моторите ќе започнат да растат повторно заради нормите што допрва треба да дојдат…

Инженерите на Porsche веруваат дека по драстичното намалување на волуменот и бројот на цилиндрите, моторите повторно ќе започнат да растат за да ги исполнат нормите Еуро 7 кои стапуваат во сила во 2026 година.

Трендот на намалување на работната зафатнина и бројот на цилиндрите, што се компензира со масовната употреба на турбополначи, испрати многу единици со голем волумен и голем број цилиндри во пензија во последните 15 години. Сепак, колку што може да звучи парадоксално, овој тренд наскоро ќе појде во обратна насока.

Франк-Штефен Вализер (Frank-Steffen Walliser), главен инженер за Porsche 911, вели дека поради регулативите Euro 7 кои ќе стапат во сила во 2026 година, автомобилите повторно ќе добијат поголеми мотори, иако турбо-полнењето сепак ќе биде потребно.

-Очекувам зголемување на работниот волумен во просек за 20% и зголемување на бројот на цилиндри од шест на осум, кога станува збор за единици со голема моќност – вели Вализер и додава дека новите еколошки стандарди ќе го надминат лимитот што може да се постигне денес.

Вализер исто така тврди дека производителите веќе нема да можат да користат мали турбо мотори,  затоа што многу често во реалното работење тие мотори имаат поголема емисија на СО2 отколку што е прикажано во лабораториски услови и на работните маси за тестирање.

Како што вели еден од од главните инженери на Porsche, поголемите мотори ги зголемуваат и емисиите, но ќе им се спротивстават поголемите и посложени катализаторски конвертори, за кои тој тврди дека ќе бидат дури три до четири пати поголеми од денешните.

На крајот тој предвидув тоа што го знаевме долго време – на атмосферските мотори им „отчука“ времето, а ќе траат уште најмногу 10 години.

Добрата вест за фановите на моторите со внатрешно согорување е што Porsche тврди дека од нив се уште нема да се откажат и дека ќе ги користат колку е можно подолго, со помош на турбополначи и електрификација, доколку е потребно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми