Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Со цел да го промовира новиот модел, Porsche направи подвиг кој ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди…

Организаторите успеале да ја пронајдат најниската точка во Америка достапна со автомобил, од која тргнале кон облаците.

Стартот беше на 540,8 метри под нивото на морето, во рудникот „Игл“ во Мичиген, од кој се извлекуваат металите неопходни за електричните возила – никел и бакар. А потоа тргнал на пат долг 2274 километри, во кој учествувале три тима возачи, пишуваат светските агенции.

Автомобилот бил запрен само за кратко освежување или полнење на батериите, па патувањето завршило за 33 часа и 48 минути. За тоа време, Porsche Taycan Cross Turismo се искачи на Pikes Peak, врв на 4.302 метри надморска височина, надминувајќи висинска разлика од дури 4.842.967 метри. Разликата во достапноста на кислород меѓу двете крајни точки е дури 40 проценти, што многу се одрази на заморот на возачот.

Комплетниот настан на камера го снимил Ј.Ф. Мусијал (J.F. Musial), кој беше патник, но и единствениот кој ги одработи сите делови од 34-часовното возење: „Ова е една од најтешките работи што сум ги постигнал, претпоставувам дека затоа е рекорд. Никој од нас нема да го заборави ова. И сега треба да одам да спијам една недела“. Запомнете, ова не е прв пат Porsche да соборува рекорди. Минатата година, Taycanom Turbo S го собори брзинскиот рекорд во затворен простор возејќи низ конгресниот центар Ernest N. Morial со брзина од дури 165 km/h.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро сериски  BMW XM

Ѕирнете во „тајниот склад“ за автомобили на Volkswagen затворен за јавност

Nissan најави возење од Северен до Јужен пол со електричен автомобил

Блиндиран Cadillac Escalade   

Hertz, во „rent-a-car“ понудата го имал и Shelby GT350

Се погласни се шпекулациите за голем седан на Alfa Romeo

LaFerrari Aperta продааден за 5,3 милиони долари

Aston Martin DBX707

Mercedes го продаде најскапиот автомобил на светот за 135 милиони евра