Porsche работи на погонска единица за луксузен електричен глисер

Австриското бродоградилиште Frauscher и Porsche развиваат електричен глисер, кој би требало да заплови веќе следната година….

Погонската група ќе биде придвижувана од технологија развиена за новата генерација на Macan.

Во својата нова деловна насока, во која се фокусира на електричната мобилност, Porsche најде простор и за развој на сосема поинакво возило. Заедно со австриското бродоградилиште Frauscher  во моментов работат на дизајн и изградба на луксузен електричен глисер, со кој имаат намера да „постават нови стандарди“. Јахтата наречена Frauscher x Porsche 850 Fantom Air има за цел да ги импресионира клиентите со технологија и карактеристики типични за, на пример, Taycan на Porsche. Така, ќе понуди исклучително забрзување, многу моќ од електричниот мотор, како и инспиративен дизајн.

Бродот ќе се базира на постоечкиот модел Frauscher 858 Fantom (на сликата), кој во верзијата со класичен мотор нуди моќност до 430 КС. Но, варијантата на Porsche ќе биде помоќна.

Глисерот ќе биде опремен со новата технологија за погон на Premium Platform Electric (PPE), која Porsche ја развива за новата генерација на својот теренец Macan. Ќе вклучува литиум-јонска батерија со капацитет од 100 kWh, синхрон мотор со постојани магнети од најновата генерација, технологија од 800 волти, како и можност за полнење на брзи DC полначи.

Глисерот ќе биде долг 8,67 метри и широк 2,49 метри и ќе нуди простор за најмногу девет патници. Покрај сообраќајот во внатрешните води, тој ќе биде погоден и за погрубо море, сето тоа со тивка работа на моторот и навигација без штетни емисии на гасови. Првата серија од 25 примероци ќе биде испорачана на клиентите во 2024 година. Цената? Бидејќи класичниот модел на овој глисер чини околу 300.000 долари, за очекување е електричната варијанта да биде уште поскапа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Morgan 4/4 најдолготрајниот автомобилски модел

Genesis X Gran Berlinetta Vision Gran Turismo Concept

Дуа Липа и Porsche ги здружија силите

Alfa Romeo Tonale за италијанската полиција

Hyundai IONIQ 5 N го прогласи автомобилот на годината во изборот на TopGear

McLaren GT од MSO

Hennessey H850 Mustang

Ferrari Purosangue во размер 1:8 чини 15.000 евра

Уникатниот Koenigsegg CCGT GT1 Le Mans е продаден за 3,3 милиони фунти