Porsche со 3Д печатени седишта според мерката на возачот!

Во Porsche одлучиле да воведат нешто навистина ново и да ги израдуваат своите купувачи, со производство на 3Д печатени седишта за своите автомобили….

Според информациите од компанијата од Цуфенхаузен  седиштето ќе биде изработено така што ќе создаде уникатно чувство и комфор за возачот и с е можно посебно да се дизајнира така да биде изработено специјално за секој поединечен возач (купувач), исто како што се прави во автомобилските спортови.

Идејата е преземена од натпреварувачите автомобили каде седиштата се прилагодени точно според одреден возач.

Засега станува збор само за концепт, но Porsche веќе има планови за производство.

Тестовите минале одлично и првите модели што ќе бидат опремени со такви седишта изработени по „мерка” со 3 печатари, би требало да бидат 718 и 911моделите на кои, впрочем истите седишта бие и тестирани.

Ако се се одвива според планираното производството на 3Д седиштата би требало да почне веќе наредната 2021 година, a цената засега останува не дефинирана.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страничното паркирање никогаш полесно

Honda најави опции на рачни контроли во новите модели

Технолошки и безбедносен напредок – BMW Driving Assistant View

Michelin најавува од 2023 гумите доаѓаат со чипови

BMW патентира волан што менува форма

Samsung претстави батерија за EV со досег од 800 км

Car2X нов технолошки бисер што доаѓа во Golf 8!

Авто-пилотот на Tesla ќе ги детектира боите на семафорите

Cupra Leon Competición подготвена за патеки со помош на 3Д принтер