Porsche Taycan Cross Turismo пристигнува кон крајот на годината

Германскиот производител потврди дека електричниот Taycan ќе добие по робусна верзија, со зголемен клиренс и тоа кон крајот на годината…

Гласноговорниците од Porsche на голема конференција ги претставија своите продажни резултати за изминатата 2019 година.

Имено во минатата 2019 познатата марка на спортски автомобили испорачал 280.800 автомобили, што е 10 % повеќе во однос на претходната 2018-та, додека бројот на вработени пораснал за 2.919 лица, па така во Porsche сега работат повеќе од 34.000 луѓе.

Производителот од Цуфенхаузен најавува дека во следните четири години ќе вложи околу 10 милијарди евра во електрификација на својата гама.

На тој начин Porsche ќе создаде низа нови plug-in хибридни и целосно електрични модели.

Не само тоа, претставниците за медиумите на германскиот бренд истакнуваат дека очекуваат до крајот на деценијата половина од продадените возила на овој бренд да бидат дел од алтернативните автомобили.

Освен информации за минатогодишните резултати и најави за идни вложувања, Porsche сподели и нови информации за премиерите кои не очекуваат во блиска иднина.

Така, кон крајот на тековната 2020 година на сцената ќе стапи и Porsche Taycan Cross Turismo.

Овој модел најпрво беше претставен во концептуален облик на Салонот за автомобили во Женева во 2018 година.

Оттогаш мина релативно краток пат до сериската варијанта и практично наскоро ќе биде подготвен за своето деби.

Јасно е дека Porsche планира од едниот погонски склоп кој го претстави со Taycan да извлече максимум, па треба да се очекуваат повеќе верзии од овој модел.

Во однос, пак, на Cross Turismo може да кажеме дека поради својата појава и става што влече кон  SUV, ветува добра продажба, особено на домашниот пазар – во Германија.

Освен новостите поврзани за Taycan, Porsche објави дека следната генерација на Macan ќе пристигне како електрично возило.

Таквиот електричен Macan ќе биде поставен на PPE платформа и ќе се појави на пазарот во 2022 година.

Со цел да ја подготви фабриката за производство на SUV модели кои ќе користа електрична енергија за своите погонски системи, Porsche ќе инвестира повеќе од 600 милиони евра во погоните на својата фабрика, во Лајпциг.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?