Porsche Taycan Cross Turismo тестиран на екстремни климатски услови

Во последната серија тестови на Porsche за електричниот Taycan Cross Turismo подготвиле две идентични патеки, но со различна површина во сосема различни климатски услови…

Porsche се подготвува за претстојниот почеток на испорака на својот втор со електричен погон модел Taycan Cross Turismo, кој во основа се базира на моделот Taycan, но е дополнително подигнат и соодветно прилагоден за да се справи добро на неасфалтирани површини.

Подготвени се две идентични патеки за најновите тестови за Taycan Cross Turismo, едната во Финска, другата во Обединетите Арапски Емирати. Електричниот crossover на Porsche е изложен на температури од -32 до +45 степени Целзиусови, а видеото најдобро покажува како Cross Turismo се снајде во снег и песок.

Тестот Taycan Turbo Cross Turismo, чии електромотори комбинираат производство на 680 KC, што е доволно за забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди и максимална брзина од 250 км/ч, „затвори“ повеќе од 1.200 кругови на двете патеки и опфати повеќе од 1.500 км.

Погледнете го видеото и уверете се во доверливоста на електричниот Porsche во екстремни услови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Замената за Chevrolet Camaro ќе биде електрична лимузина

Електричен Citroen DS

Bentley Bentayga со фелни од карбонки влакна

Убавицата и Peugeot  208

LA Renault 5 Turbo 3 рестомод- Експлозија на 400 „грла“ во класично руво

Lamborghini 63 луксузна јахта/глисер со 4000 KС и топ брзина 111км/ч

Купувачите на новата Toyota Land Cruiser од Јапонија не можат да ја препродаваат година дена

Тркачки Audi RS Q E-Tron најавен за Dakar Rally 2022

Alpha Superwolf