Porsche Taycan GTS и Taycan GTS Sport Turismo

Покрај премиерата на Cayman во „hardcore “ верзијата на GT4 RS, Porsche на салонот во Лос Анџелес ја претстави и новата верзија на електричниот модел Taycan I toa во две форми на каросеријата, која пристигнува со познатата ознака GTS…

Со препознатливи детали и комбинација на бои и материјали кои Porsche веќе пословично ги нуди со исклучителни GTS верзии на своите модели, Taycan GTS е придвижуван од два електрични мотори кои комбинираат моќност од 598 коњски сили и 850 Nm вртежен момент, што го става помеѓу верзиите 4S и Turbo.

Овие бројки се доволни за првиот електричен GTS на Porsche (во обете форми на каросерија) од 0 до 100 km/h да забрзува за 3,7 секунди и да развие максимална брзина од 250 km/h.

Според стандардите WLTP, капацитетот на батеријата (93,4 kWh) гарантира дека Taycan GTS во комбиниран режим, со едно полнење на истата, може да помине до 504 километри, а во градски услови дури до 625 километри, што во моментов го прави рекордер меѓу електричните креации на Porsche на четири тркала.

Напролет следната 2022 година, во продажните салони, се очекуваат Taycan GTS и GTS Sport Turismo.

Основната цена во Германија изнесува 131.834 евра, а за уште попространо и повеќе практичното Sport Turismo потребно е да се издвојат 132.786 европски банкноти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Subaru STI E-RA Concept, Solterra STI Concept, WRX STI Concept и Levorg STI Performance Concept

Нова Honda HR-V за САД

Новиот Peugeot 4008 доаѓа 2023 и во електрифицирано издание

Јeep Renegade 2022

Dacia Bigster пристигнува годинава

Haval KuGou

Нов Citroën C5 Aurcross SUV: Апсолутен комфор во понаметлив и попрестижен дизајн

Промоцијата на Volkswagen ID.Buzz најавена за 9 март

Hybrid BMW Series 7 со 560 КС