Porsche Taycan ќе биде прва модификација на EV од Hennessey

Porsche го претстави Taycan пред помалку од еден месец, а Hennessey веќе сега објавија дека суер спортскиот модел од Цуфенхаузен ќе биде нивното прво модифицирано електрично возило…!

Познатата компанија за тјунирање на автомобили, со седиште во Тексас не откри повеќе детали за овој проект, но извршниот директор Џон Хенесеј рекол: „Сметавме дека новиот Porsche Taycan е вистинската платформа од која може да се модифицира нашето прво електрично возило“.

Притоа тој додал дека измените ќе бидат релативно мали, бидејќи пред се’ ќе бидат „едноставни“ промени.

Секако, Џон Хенесеј не откри повеќе детали, но навестува дека предвидените модификации ќе вклучуваат нови тркала и пневматици, како и поагресивни предни и задни браници.

Познавачите наведуваат дека можеме да очекуваме и некои внатрешни промени и надградби.

Најавените измени засега остануваат во пределот на изгледот на Taycan, но Хенеси истакнал:  „ќе видиме што е можно да се направи и во смисла на зголемувањето на моќноста“.

Се разбира, фановите ќе мора да се бидат трпеливи, барем уште малку, бидејќи Hennessey нема да го добие својот Taycan до наредната 2020 година.

Останува нејасно колкава моќност би можел да произведе модифицираниот Taycan, но стандардниот Taycan Turbo има два електрични мотори кои развиваат од 671 КЅ и го забрзуваат до 100 km/h за 3,2 секунди.

Помоќната верзија- Taycan Turbo S е уште посериозен кандидат за тјунинг обработка, бидејќи има комбиниран моќност од 751 КЅ и од 0 до 100 km/h забрзува за само 2,8 секудни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai iMax N Drift Bus со повеќе од 400 КЅ!

Ford, Volkswagen и Amazon прават мрежа станици за полнење на EV

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Како Tesla ја тестира безбедноста на своите автомобили!

Супер автопат ќе ги поврзува Лондон и Њујорк, преку Москва

Првиот целосно електричен Volvo XC40 Recharge

Обединетите Арапски Емирати со хипер автомобил Dragon

Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда