Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Vision Gran Turismo Spyder е новиот електричен спортски едносед на Porsche со моќност од 1300 КС, наменет за играта Gran Turismo 7…

Основата е добро познатото Porsche Vision Gran Turismo Coupe, кое остана без покрив, а има активни аеродинамични елементи кои се прилагодуваат во зависност од брзината на возилото.

Исто така, планирана е голема употреба на јаглеродни влакна, додека возачот има мало ветробранско стакло пред кокпитот на овој супер спортски автомобил.

Сепак, за жал на многубројните поклоници на марката и на уште побројните приврзаници на моќните машини на четири тркала со супериорни перформанси и неверојатно искуство во возење Vision Gran Turismo Spyder постои само во дигиталниот свет.

Но, како и да е германскиот производител не ги нуди своите технички спецификации.

Така coupe верзијата обично има погон на сите тркала и забрзува од 0 до 60 милји на час (96 km/h) за 2,1 секунди во популарната играта.

Инаку, Porsche Vision Gran Turismo Spyder ќе се приклучи на линијата возила во играта на 29 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тркачки Ford Ranger Raptor за Baja 1000

BeyonCa GT Opus 1

Уникатен Rolls-Royce Hyperion Pininfarina

Практична конверзија во електричен велосипед за 30 секунди

Произведен 400от Bugatti Chiron

Hennessey Venom 1200 Mustang GT500

Toyota GR Supra GT4 EVO

Ferrari Vision Gran Turismo Concept

Bentley Continental GT Convertible Mulliner Riviera