Поштата на Италија издаде марка во чест на Pininfarina

Поштата на Италија одлучи да издаде специјална поштенска марка во чест на италијанското дизајнерско студио Pininfarina поради одбележувањето на  90-годишнината на компанијата…

Pininfarina Modulo е футуристички концепт кое е дело на италијанското дизајнерско студио и производител на каросерии, претставен во 1970 година на Салонот во Женева.

Направен врз шасијата на Ferrari 512S, Pininfarina Modulo претставуваше експериментален прототип кој се одвојуваше од традиционалниот стајлинг во тоа време, но сега, Modulo повторно е актуелен.

Имено, откако Италија одлучи да го постави на поштенска марка во чест на 90-годишнината на италијанската дизајнерска компанија и позната работилница на каросерии што често пати се уметнички креации.

Ви контекст на написов ќе спомнеме дека Pininfarina Modulo освои 22 меѓународни дизајнерски награди, вклучително и престижната „Award For Design Excellence“ од „Automobile Quarterly“ поради „чистото формално истражување во својата намерна геометричност“.

Modulo во целост претставуваше сето она што компанијата Automobili Pininfarina е способна да го направи.

И токму во чест на 90 години од формирањето на оваа позната куќа, италијанското министерство за економски развој објави нова поштенска марка на која се наоѓа Modulo.

Прекрасната силуета на автомобилот е поставена на бела позадина и ќе се испечати во серија од 400.000 примероци, а ќе чини по 1.10 евра за примерок.

Целата церемонија се одржа во Pininfarina Cambiano просториите во Торино.

„Автомобилскиот дизајн го пресретнува фацинантниот свет на филателијата и му дава живот на ова минијатурно ремек дело“, изјави претседателот Паоло Пининфарина.

„Ова понатамошно препознавање е прекрасен подарок за нашата годишнина. Ова е доказ дека по 90 години, ние продолжуваме да живееме во колективна имагинација како симбол на италијанскиот стил, кој комбинира елеганција и иновација кои остатокот од светот ги идентификува во нашата земја.Поштенската марка исто така го прикажува и Pininfarina 90 логото со цел да го одбележи целиот повод.

Извршниот директор на Pininfarina, Силвио Ангори изјави дека футуристичкиот дизај на Modulo е олицетворение на мисијата на компанијата, односно секогаш „да се антиципира иднината на базата на нашите соништа и да се интерпретира технологијата на емоционален начин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија

Најава за мистериозен Bugatti

Audi TT RS во чест на 40 гдини на Quattro погонот во само 40 примероци

Благороднички луксуз на песокот во Сахара