Потпис на денот во Мото ГП – Крачлоу во главната улога

Возачот на Хонда Кал Крачлоу го продолжи договорот со Хонда на уште една година, па за екипата на ЛЦР ќе вози до крајот на сезоната 2020 во Мото ГП шампионатот.

Крачлоу во моментов е осми во шампионатот со 103 бода, а оваа сезона победи во втората трка во шампионатот, во Аргентина.

„Задоволен сум што го продолжив договорот со Хонда. Сите работевме напорно, имавме многу успеси и се надевам дека така ќе продолжиме.

Подобра поддршка не можев да посакам, а екипата работи одлична работа и секој викенд ми обезбедува конкурентен мотоцикл“, изјави 32-годишниот британски возач.

Претседателот на ХРЦ Јошихига Номура изјави дека Крачлоу го заслужува статусот на возач во таа екипа.

„Среќни сме што Кал го продолжи договорот. Минатата година потпиша за 2018 и 2019 како возач на фабриката ХРЦ. Оваа година повторно покажа добри партии и заслужи нов договор.

Многу добро го познаваме бидејќи во 2015. година дојде во Хонда. Со напорна работа и добри резултати многу допринесе за Хонда и екипата на ЛЦР Хонда Мото ГП и секогаш ни давам добри повратни информации“, изјави Номура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ultima RS- Хипер автомобил од Англија со 1.200 расни „грла“

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Bird Cruiser нов електричен мотоцикл

Volkswagen апсолутен крал на „Рингот“, електричниот ID.R просто неверојатен!

Ескалираа работите во таборот од Маранело: Леклер сензационално сака да си замине?!

Игор Стефановски – Иџе со Hyundai јуриша на круна воTCR Италија шампионат!

Замина уште една голема Formula 1 Икона- Почина Ники Лауда

Триумф за Мартин Делев на првата трка на TWINGO CUP 

Шефот на F1 тимот на Mercedes на чело на Formula 1 натпреварувањето!