По убавата вест – официјалната потврда за враќањето на Салонот во Париз, пристигнува и уште еднане помалку радосна, за полониците на прекрасните креации на четири тркала, вест, за за официјална најава дека Салонот за автомобили во Женева (Palexpo) ќе се врати на голема врата наредната 2023 година…
Автомобилските манифестации полека се враќаат на голема врата, откако претходно беа откажувани и одложувани поради пандемијата на коронавирусот. Иако многумина сметаа дека ваквиот тип на настани се застарени, а пандемијата само го засили темпото на нивно намалување, сепак пост-ковид ситуацијата го покажа сосема спротивното – дека на луѓето им недостасуваат класичните автомобилски саеми.
Една од најголемите жртви на пандемијата дефинитивно беше Салонот во Женева, кој е на пауза од 2020 година, но организаторите денеска потврдија дека истиот и официјално ќе се врати во 2023. Но, не дека ситуацијата во светот на автомобилските саеми е идеална, бидејќи денеска беше одложен Салонот во Пекинг поради новиот бран на пандемијата во Кина, сепак, најавата дека Женева се враќа во календарот секако е поттикнувачка, особено за автомобилските вљубеници во Европа.
По тригодишното отсуство, Меѓународниот Салон за автомобили во Женева ќе се одржи повторно во февруари следната година. Организаторите на манифестацијата официјално соопштение преку нивниот Facebook профил, потврдувајќи ги притоа и датумите за манифестацијата – од 14 до 19 февруари. Засега, не постои најава кога станува збор за официјалните денови за медиумите, но традиционално се очекува истите да бидат ден или два пред Салонот да ги отвори вратите за јавноста.
Инаку, Palexpo – Салонот во Женева, не се одржа во 2020 година кога беше откажан поради Ковид-19, а откажување дојде само неколку дена пред стартот на настанот, присилувајќи ги производителите да организираат онлајн дебати за веќе потврдените премиери. Следната година, изданието за 2021 исто така беше откажано, со што се засилија шпекулациите околу неизвесноста за иднината на настанот во традиционалниот формат. Тоа се потврди со откажувањето во оваа а 2022 година односно со негово одлагање за идната 2023.
Во моментов малку детали се знаат за Женева 2023, но организаторите на GIMS веќе ветија дека работат на еволуција на платформата на манифестацијата на едно ново, повозбудливо ниво. Многу поспектакуларно шоу се планира за 2023, но засега не е познато дали ова значи и промена на препознатливиот формат на настанот.