Повеќе од две и пол децении ESP спасува животи на патот

ESP или програмата за електронска стабилност (Electronical Stability program) му помага на автомобилот да остане на посакуваната патека во критични ситуации…

Работи заедно со системот АВЅ со откривање на разликата во брзината на вртење на секое одделно тркало и во таа ситуација кочи со спротивното тркало за да му овозможи на возачот да ја врати контролата над возилото.

Сопира на секое тркало поединечно на таков начин што во случај на пре управување, губење на влечење (тракција) на предните тркала, сопира со надворешното предно тркало, а во случај на под управување, губење на влечење (тракција) на задните тркала, го сопира внатрешното задно тркало .

Првите слични системи се појавија веќе во 1983 година.

Имено, Toyota Crown беше опремен со систем за контрола на лизгање – Anti-Skid Control, а од 1987 година, BMW, Mercedes-Benz и Toyota ги воведоа првите Tracion control системи за управување, во најдобро опремените модели.

Но, првиот вистински ESP систем го развија Bosch и Mercedes – Benz заедно и беше инсталиран во Mercedes – Benz S 600 Coupe, модел од 1995 година. Подоцна истата година, Toyota Crown Majesta го доби системот VSC (Контрола на стабилност на возилото –  Vehicle Stability Control), кој работи на истиот принцип.

Големиот придонес во однос на намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи воопшто не треба да се коментира.

Уште во 2009 година, ЕУ даде препорака до сите производители на автомобили да ги опремат сите нови модели со ESP, а од 1 ноември 2014 година во ЕУ, сите нови автомобили мора да го имаат тој систем како стандардна опрема.

Најновата генерација на ESP системи развиени од Bosch ја мери разликата во брзината на тркалото дури 25 пати во секунда.

Само во ЕУ, од 1995 година, ЕЅР системите спасиле повеќе од 25.000 човечки животи и, воедно спречи речиси половина милион сообраќајни несреќи на патиштата ширум Стариот континент.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прототип на Ford Transit FCEV

Новиот Porsche 718 ќе има електричен погон

Тоyota во 2025 со нов Prius со нова технологија

Лесна платформа на Lotus за наследниците на Elise и Еvora

Првиот електричен Alfa Romeo пристигнува 2024 година

Unique Puncture-proof Tire System

Honda ги интензивира работите на автономни возила

Тајното оружје на Dacia против гребаници

Volkswagen отвори центар за истражување и развој на батерии