Повторно најавен Mercedes Vision EQXX

Mercedes продолжува да објавува нови детали и тизер (најавни) слики со кои го најавуваат новото концепт – возило наречено Vision EQXX, а истото е опишано како најефикасното електрично возило што некогаш го направиле…

Станува збор за електрична студија која има предна решетка која потсетува на претходниот концепт Vision EQ Silver Arrow.

Германската компанија го опиша Vision EQXX како „возбудлив следен чекор во развојот на електрични возила“, бидејќи моделот ќе има „спектакуларен“ опсег и ефикасност.

Во овој поглед, беше навестено дека автомобилот ќе има опсег, со едно полнење на пакетот на батерии, од приближно 750 милји , односно од околу 1.207 km изразено во метрички единици прифатени на Стариот континент.

Сепак, ова е само дел од приказната бидејќи Vision EQXX е развиен со помош на групата High Performance Powertrain.

За неупатените ќе речеме  дек групата, главно е фокусирана на развојот на технологијата и погонските единици за Formula 1 болидите.

Тоа пак од своја страна сугерира дека новиот концепт ќе има доволно моќ и издржливост.

Повеќе информации следуваат за нешто повеќе од еден месец, поточно на 3 јануари претстојната  2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период