Познати финалистите во изборот за Светски автомобил на годината 2019

Организаторите нa интернационалниот избор за Светски автомобил на годината ги објави имињата на финалистите по категории кои ќе се натпреваруваат за наградите за 2019 година.

Во главната категорија- Светски автомобил на годината 2019, финалисти се Audi e-tron, BMW 3 Series, Ford Focus, Genesis G70, Hyundai Nexo, Jaguar I-PACE, Mercedes-Benz A-Class, Suzuki Jimny, Volvo S60 / V60 и Volvo XC40.

Најдобриот градски автомобил на годината за 2019 ќе се избира помеѓу петте модели- Audi A1, Hyundai AH2/Santro, Kia Soul, SEAT Arona и Suzuki Jimny.

За наградата Светски луксузен автомобил на годината 2019 се Audi A7, Audi Q8, BMW 8 Series, Mercedes-Benz CLS и Volkswagen Touareg, а за Светски спортски автомобил на годината се Aston Martin Vantage, BMW M2 Competition, Hyundai Veloster N, McLaren 720S и Mercedes-Benz AMG 4-door Coupe, меѓу еколошките модели се натпреваруваат Audi e-tron, Honda Clarity Plug-In Hybrid, Hyundai Nexo, Jaguar I-Pace и Kia Niro EV.

И годинава, Жирито, повторно ќе го одреди автомобилот со најдобар дизајн во светот, а за 2019 година финалисти се Citroen C5 Aircross, Jaguar E-Pace, Jaguar I-PACE, Suzuki Jimny и Volvo XC40.

Победниците во изборот за 2019  ќе бидат познати на 17 април  на меѓународниот саем во Њујорк, но пред тоа, на 5 март, на салонот во Женева, ќе бидат познати и првопласираните во одделните категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричниот Audi e-Tron GTR – наследник на супер спортистот R8

PSA го префрла производството на Opel Astra од Британија во Германија!

Ford Mustang најпродаван coupe на светот четврта година по ред!

Honda концепт ја најавува електричната иднина во Кина на Шангај 2019

Најавен електричен хипер автомобил Lotus Type 130

Renault со нов дизајнерски центар во Шангај

Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

VW размислува да земе поголем пакет акции од заедничката компанија со ЈАС

Geely лансира нов електричен бренд -Geometry со „убиец“ на Тesla Model 3!