Ппретставување на новиот Range Rover Sport

–       Динамичен луксуз: Новиот Range Rover Sport ги комбинира неверојатната иновативност и уникатниот карактер со електрифицираните перформанси –  Уникатни пропорции: Мускулестиот став и затегнатите површини изразуваат моќност и агилност –  Современа филозофија: Пристапот со редуктивен дизајн ја унапредува ДНК на Range Rover Sport –       Софистициран луксуз: Внатрешноста создава комфорно опкружување за возачот со детална конзола и прегледна инструмент табла, со завршна обработка со модерни материјали меѓу коишто се одржливите материјали на UltrafabricsTM –  Моќта на електрификацијата: Целосно електричен погон во 2024 година, а технологија електричен хибрид со лансирањето на серијата модели, со продолжена автономија, моќност од 510PS, вкупна реална автономија од 740 km и емисија на CO2 од 18g/km1 –  Мирна работа и голема моќност: Шестцилиндрични Ingenium бензински и дизел мотори со технологијата делумен хибрид со напон од 48 V, плус новиот V8 мотор со двоен турбо полнач со моќност од 530 PS, мотори со вообичаените перформанси на Range Rover Sport – Пионерско потпирање: Динамичкото воздушно потпирање внесува приспособливи волуменски воздушни пружини – за првпат во Range Rover – со активни амортизери со двојни вентили за врвна агилност, контрола и смирено возење –  Господар на динамиката: Пакетот Stormer Handling ги комбинира системите Динамичка реакција ПРО, Управување со сите тркала, електронски активен диференцијал со функцијата Насочување на вртежниот момент преку кочење и Програми што можат да се конфигурираат – Теренска реакција®: Наградуван и патентиран систем, сега со режим Dynamic фокусиран кон патот заедно со системот Теренска реакција што може да се конфигурира, плус иновативниот нов систем Приспособлива контрола на патната брзина за теренско возење –  Фокусирана префинетост: Извајани седишта, ПРО Систем за прочистување на воздухот во кабината и аудио систем Meridian Signature, заедно со најновиот систем Активно елиминирање на бучавата2 нудат модерен спортски луксуз –        Беспрекорна технологија: Заоблениот екран на допир со димензија од 13,1 инчи за наградуваниот систем за информации и забава Pivi Pro се надополнува со интуитивниот интерактивен дисплеј за возачот со димензија од 13,7 инчи, со функцијата SOTA (Software Over The Air) – Безжична удобност3: Новиот Range Rover Sport е подготвен за пат во секој момент, со безжично Apple CarPlay®, безжично Android Auto™ и уред за безжично полнење со моќност од 15W – Дигитален вид: Новите дигитални ЛЕД фарови со функцијата Приспособливо предно осветлување гарантираат одлична видливост, додека новите светла за маневрирање при мала брзина нудат врвна доверба

Новиот Range Rover Sport го редефинира спортскиот луксуз, ефикасно ги комбинира агресивните и инстинктивни друмски перформанси со препознатливата префинетост на Range Rover, прогресивниот софистициран дизајн и поврзаната погодност. Третата генерација на овој модел е најпосакуваната, најнапредната и динамички најспособната досега.

Во палетата на моќни и ефикасни погонски системи се шестцилиндрични мотори со технологијата електричен хибрид коишто имаат продолжена автономија, нов моќен V8 мотор и шестцилиндрични Ingenium бензински и дизел мотори со технологијата делумен хибрид. Целосно електричниот погон ќе се воведе во 2024 година, додека Land Rover продолжува по својот пат кон електрификацијата.

Новиот Range Rover Sport е достапен во спецификациите S, SE, HSE и Autobiography, а First Edition ќе биде достапен во текот на првата година од производство со внимателно составена спецификација.

Опис на дизајнот

Софистицираната надворешност е несомнено Range Rover Sport со затегната површина, динамичен став и веднаш препознатлив профил, совршено нагласена со таинствени детали и мускулести пропорции –  оставајќи впечаток дека возилото е смирено и подготвено.

Неверојатните пропорции го нагласуваат уникатниот карактер на Range Rover Sport, со кратки препусти, агресивен преден дел и стрмно закосено застаклување напред и назад. Овие препознатливи елементи му дават силна и впечатлива појава на патот којашто отсликува моќност и перформанси.

Извајаната надворешност се карактеризира со прекрасни детали како што е таинствената предна украсна маска и светлосната група на дигиталните ЛЕД фарови со уникатно препознатливо светло за дневно возење (DRL). Овие фарови со привлечен дизајн, најтенките што досега се вградени во Land Rover се поставени над елегантниот одбојник со двоен отвор во долниот дел. Овде се вметнати разделени хоризонтални елементи во боја на каросеријата со што се добива визуелен ефект за поголема ширина, унапреден со деталите во црна боја.

Совршените дизајнерски елементи продолжуваат и на задниот дел, со извајана крајна врата по целата ширина со натписот Range Rover. Со непрекинатата графика на ЛЕД светлата за првпат се воведува технологија на ЛЕД површина во возило од сериско производство. Ова решение нуди јасен и современ изглед во ноќни услови што обезбедува впечатливост и доследност кога се гледа од кој било агол.

Карактеристичната странична линија се простира по целата должина на возилото, нагласена со новиот детаљ во долниот дел на крилата и со најдолгиот спојлер што е вграден во Range Rover досега.

Јасните линии на надворешноста се нагласени со прекрасно изработеното рамно застаклување и рачки на вратите, скриениот страничен завршен елемент и ласерски заварениот покрив за да се добие прецизен, технички и софистициран изглед. Овие технологии овозможени преку дизајн придонесуваат за извонредната аеродинамика и со нив новиот Range Rover Sport има коефициент на отпор на воздухот од само 0,29.

Новиот модел Dynamic прикажува дури и поостар фокус кон решителниот карактер на овој SUV со уникатни дизајнерски елементи за надворешноста. Тркала од легура во матирана сива боја се надополнети со завршни детали во матирана бакарна боја Burnished Copper за жалузините на хаубата и страничните плочки, додека предната украсна маска и натписот Range Rover се во матираната боја Graphite Atlas.

Со уникатните одбојници и изработените по нарачка долни странични украсни елементи на вратите во боја на каросеријата, моделот Dynamic ја нуди највозбудливата интерпретација на формулата Range Rover Sport.

Редуктивниот дизајн на новиот Range Rover Sport продолжува и во неговата целосно нова внатрешност. Тука е Командната позиција за возење, карактеристичен белег за Range Rover, најновите технологии и првокласните материјали, коишто се комбинираат за восхитувачка рамнотежа помеѓу прецизната елеганција и инстинктивната страст. Кабината во стил на кокпит ја поставува атмосферата за динамичко доживување при возењето, нуди одлична видливост, а во исто време обезбедува и врвен комфор за возачот со закосената централна конзола и интуитивните технологии.

Во понудата со иновативни и одржливи материјали се вклучени оригиналните и лесни првокласни текстилни материјали на Ultrafabrics™ во атрактивни нови комбинации од две бои. Достапна е и уникатната опција со текстил што се шири до инструмент таблата и деталите на вратите. Како алтернативни материјали се зрнестата кожа, кожата Windsor или меката полуанилинска кожа.

Овие оригинални материјали се во беспрекорна хармонија со новите хромирани завршни елементи во внатрешноста во стилот Moonlight. Одредени елементи како интегрираните звучници на аудио системот, развиени во соработка со Meridian, се скриени зад текстилот на задните врати и придонесуваат за јасната, жива и современа естетика.

Секое патување е пријатно

Новиот Range Rover Sport внесува најмногу напредни технологии за шасијата досега и обезбедува сеопфатна гарнитура на алатки за динамиката за да се добие најпријатното и најдинамичното доживување во возењето.

Природната крутост и јакост на флексибилната платформа (MLA-Flex) – што обезбедува до 35% поголема торзиона крутост од претходниот Range Rover Sport – ги поставува темелите за оваа технологија. Оваа платформа работи во хармонија со гарнитура од системи што се под контрола на системот Интегрирана контрола на шасијата – сите посебно дотерани за новиот Range Rover Sport.

Ник Колинс (Nick Collins), Извршен директор на програмата за возила, Jaguar Land Rover, изјави: „Ги соединивме пионерската флексибилна MLA-Flex платформа на Land Rover со најновите системи за шасија за да се добие највисоко ниво на динамика што досега сме го виделе кај Range Rover Sport. Системот Интегрирана контрола на шасијата управува со работата на бројните иновации, координирајќи сѐ, од најновиот систем за потпирање со приспособливи волуменски воздушни пружини до нашиот систем за активна контрола на навалувањето, Динамичка реакција ПРО. Резултатот е најпријатниот и највозбудлив Range Rover Sport досега“.

Новиот систем Динамичка реакција ПРО работи заедно со системот Динамичко воздушно потпирање од најновата генерација, што за првпат воведува приспособливи волуменски воздушни пружини.

Системот Динамичка реакција ПРО обезбедува врвна контрола на навалувањето преку 48-волтен електронски систем за активна контрола на навалувањето што може да нанесе вртежен момент од 1.400 Nm преку секоја оска. На тој начин се добива самодоверба во возењето со ново ниво на контрола на каросеријата и смирено совладување на кривините.

Динамичкото воздушно потпирање се вградува во секој нов Range Rover Sport и интелигентниот систем го унапредува капацитетот на потпирањето. Системот работи преку менување на притисокот во коморите (поголем притисок обезбедува покруто амортизирање) за да се добие традиционалниот

комфор на Range Rover со динамичка управливост што се очекува од Range Rover Sport. Возилото го чита патот пред себе преку податоците за навигација од технологијата eHorizon за да може да ја оптимизира брзината на реакција и да го подготви потпирањето за претстојните кривини.

Технологијата Приспособлива динамика 2 придонесува за динамичката способност преку постојана контрола на активните амортизери со двоен вентил за да се намалат несаканите движења на каросеријата. Оваа технологија ги набљудува надворешните фактори до 500 пати во секунда за да овозможи совршена реакција и во хармонија со другите технологии за шасијата гарантира најпрецизна и најмирна динамика на возење во секој Range Rover Sport.

Агилноста на новиот Range Rover Sport при возење низ кривини е издигната на повисоко ниво со системите Управување со сите тркала, Насочување на вртежниот момент преку кочење и електронскиот активен диференцијал. Системот Управување со сите тркала ги врти задните тркала налево или надесно до 7,3 степени спротивно од предните тркала за да се постигне подобра агилност и способност за маневрирање на мали брзини, а при големи брзини системот ги врти задните тркала во иста насока со предните за да се добие врвна стабилност. Со овој систем новиот Range Rover Sport има круг на вртење како хечбек возило и друмска агилност како многу помал автомобил.

Пакетот Stormer Handling го комбинира најдоброто од системите за шасија во новиот Range Rover Sport. Дел од овој пакет се системите Динамичка реакција ПРО, Управување со сите тркала, електронски активен диференцијал со функцијата Насочување на вртежниот момент преку кочење и Програми што можат да се конфигурираат. Последниот систем нуди можност за персонализација на режимите за возење, приспособувајќи го доживувањето и за друмско и за теренско возење. Сите елементи на овој пакет се стандард со погонските системи P510e електричен хибрид и P530.

Сите модели на новиот Range Rover Sport се опремени со автоматска трансмисија ZF со осум степени на пренос и функцијата интелигентен Погон на сите тркала. Оваа функција интуитивно предвидува кога е потребна тракција, прецизно се активира за да обезбеди најефективен прогрес во секакви услови, а во исто време и ја оптимизира ефикасноста.

За подобрување на перформансите за теренско возење тука е најновиот систем Теренска реакција 2® на Land Rover, систем којшто интелигентно ги применува најсоодветните поставки за теренот. Новиот систем Приспособлива контрола на патната брзина за теренско возење го има своето деби во новиот Range Rover Sport и се грижи возачите да управуваат по незгоден терен преку одржување на стабилна брзина соодветна на условите на теренот. Возачите можат да изберат една од четирите комфорни поставки, а системот интелигентно ќе ја приспособи брзината соодветно на поставките и ќе му овозможи на возачот да се фокусира на управувањето.

Пример за спортски луксуз

Новиот Range Rover Sport секое патување го претвора во настан. Возилото може да се дотера за да биде динамички активно според желбите на возачот, а и да нуди повисоко ниво на префинетост и комфор. Оваа способност да се комбинираат двојни карактеристики, да нуди поголем луксуз и акција со фокус кон возачот, е изводлива со помош на сеопфатната група на технологии и функции.

Совршена основа за пријатно и комфорно патување се предните седишта со електрично приспособување во 22 насоки, греење, вентилација, мемориска функција, масажер и наслони за глава со крилца. Водечките седишта нудат врвна поддршка при подолги патувања и активно возење по кривулести патишта. Патниците на задните седишта уживаат во седишта со ергономски оптимизирана геометрија, со простор за нозете зголемен за 31 cm и слободен простор кај колената зголемен за 20 mm за поголем комфор и попријатно седење.

Достапен е ПРО Систем за прочистување на воздухот во кабината од следната генерација за да создаде и одржува совршено опкружување при возење. Овој систем го комбинира филтерот за ПМ2,5 честички и nanoeTM X технологијата за значително намалување на непријатните миризби, количините на бактерии и алергени, вклучувајќи го и вирусот SARS-CoV-24. Во вториот ред на седишта е вграден втор nanoeTM X уред за да обезбеди рамномерен квалитет на воздухот низ целата кабина. Напредната функција Управување со CO2 им овозможува на сопствениците да ја прочистат кабината пред патување или додека возат – гарантирајќи поголема будност при секое патување и поголеми здравствени придобивки за сите патници во возилото.

Достапни се моќни аудио системи од Meridian, а аудио системот Meridian Signature е најнапредниот и најмоќниот аудио систем што досега е вграден во Range Rover Sport. Овој систем нуди аудио доживување преку 29 звучници, нов сабвуфер и засилувач со моќност до 1.430 W – вклучувајќи звучници во четири наслони за глава што им овозможуваат на патниците на четирите главни седишта во возилото да искусат лични аудио зони.

Тука своја улога има и системот Активно елиминирање на бучавата2 од следната генерација. Системот го намалува ефектот на бучавата од патот и пневматиците што продира во кабината за да се добие врвна префинетост во кабината или да им овозможи на патниците во кабината да уживаат во чистиот звук од погонскиот систем на новиот Range Rover Sport. Ова доживување се засилува кога возилото е во режимот за возење Dynamic, кога напредниот систем ги истакнува звуците од моторот. При нормално возење, микрофоните и акцелерометрите во лакот на секое крило постојано го следат звукот што минува во возилото, додека дигиталните процесори го пресметуваат нивото на звукот за елиминирање на бучавата што е потребен за да се филтрира бучавата од кабината – слично на еден пар на висококвалитетни слушалки.

Инстинктивната удобност придонесува за чувството на модерен луксуз и новиот Range Rover Sport се карактеризира со кваки на вратите со извлекување со сензор за близина, функциите Меко затворање на вратата и Отклучување при приоѓање, за да се олесни влегувањето во возилото, а во исто време да се задржат јасните линии на надворешноста. Функцијата Автоматско заклучување при напуштање на возилото потврдува дека сигурноста е загарантирана.

Беспрекорна технологија

Моќната платформа за електрични возила Electrical Vehicle Architecture (EVA 2.0) на Land Rover поддржува екосистем на беспрекорно поврзани технологии, вклучувајќи ја технологијата Software Over The Air (SOTA). Паметната технологија обезбедува далечинско ажурирање за 63 електронски модули, потврдувајќи дека новиот Range Rover Sport останува на водечката позиција кога се во прашање иновациите, современата технологија и услугите во текот на својот работен век.

Алекс Хеслоп (Alex Heslop), Директор на одделот за електротехника, Jaguar Land Rover, изјави: „Животот со новиот Range Rover Sport не би можел да биде поедноставен благодарејќи на неговата група на поврзани технологии. Нашиот наградуван систем за информации и забава, Pivi Pro, е во срцето на доживувањето, а неговиот хаптик, заоблен лебдечки екран на допир обезбедува интуитивна контрола на системите на возилото. За да можат возачите да го одржуваат својот фокус, тука е вградениот Amazon Alexa voice AI, помагајќи им на возачите да го задржат својот поглед на патот пред нив и рацете на воланот додека прават нешто друго, од поставување на системот за навигација и телефонски повици до бирање на медиумски извор.“

Наградуваниот систем за информации и забава, Pivi Pro, има заоблен лебдечки екран на допир со висока резолуција со димензија 13,1 инчи што е поставен во централниот дел на модерната инструмент табла. Овој систем контролира сѐ, од навигацијата до поставките за медиумите и возилото, ги учи навиките на корисникот и интелигентно го персонализира вграденото знаење со што станува вистински интуитивен личен помошник.

Pivi Pro има интерфејс што е едноставен за користење со основен екран што може да се персонализира за да ги опфати најчесто користените функции, додека до повеќето карактеристики се пристапува преку само два допира на главниот екран. Хаптик повратната врска го унапредува системот преку обезбедување позитивен одговор на командите на операторот, а на тој начин се намалува потребата возачот да го тргне погледот од патот пред него за да го потврди изборот. Екранот на Pivi Pro се надополнува со интерактивен дисплеј за возачот со димензија од 13,7 инчи, со графика со висока резолуција што одговара на главниот систем на Pivi, и со реконфигурирачки распоред така што возачите можат да ја видат информацијата што е најважна за нив.

Amazon Alexa внесува5 ново ниво на удобност, овозможува контролирање на разни поставки и функции преку команди со природен глас, а со тоа се намалува потенцијалното одвлекување на вниманието. Alexa е вградено во Pivi Pro и може да се активира едноставно со изговарање на зборот „Alexa“ (Алекса) или со допирање на копчето Alexa на екранот на допир. Паметната функција voice AI ја интегрира употребата на Alexa уреди во домот преку апликацијата на Land Rover за паметен телефон и Remote Skills.

Alexa работи без паметен телефон – сѐ што треба да направат сопствениците е да се пријават преку нивната Amazon сметка за еСИМ картичките што се вградени во возилото за да се обезбеди поврзливост. Безжичен Apple CarPlay® и безжичен Android Auto™ се вградени како стандард3, што значи дека паметните телефони можете да ги оставите на посебниот уред за безжично полнење со моќност од 15W, под екранот на Pivi, и не Ви требаат никакви кабли.

Динамичките перформанси на новиот Range Rover Sport и подобрената префинетост се поддржани од најновите системи фокусирани кон безбедност, Напредни системи за помош за возачот (ADAS). Во сите модели се вградени системите Итно кочење, Систем од камери за 3Д опкружувачка слика, со предни и задни сензори за паркирање, Препознавање на длабочината на водата, Поглед на теренот преку ClearSight7 и Светла за маневрирање – Контрола на патната брзина, Надзор на состојбата на возачот, Помош за задржување во коловозната лента и Препознавање сообраќаен знак.

Електрифицирани перформанси

Богата палета на електрифицирани погонски системи ги нуди вообичаените перформанси на Range Rover Sport. Во палетата спаѓаат два погонски системи со технологијата електричен хибрид што имаат продолжена автономија, шестцилиндрични Ingenium бензински и дизел мотори со технологијата делумен хибрид и целосно новиот V8 мотор со двоен турбо полнач. Во 2024 година, серијата модели на новиот Range Rover Sport ќе се збогати со целосно електричен модел.

Новиот мотор P510e со технологијата електричен хибрид е проектиран да ги исполни барањата на возачите за погон со високи перформанси, импресивна ефикасност и над 100 km нулта емисија на издувни гасови во режимот EV (режим за електрично возило). Оваа технологија беспрекорно ги соединува 3.0-литарскиот шестцилиндричен Ingenium бензински мотор на Land Rover, електромоторот со моќност од 105 kW и батеријата со капацитет од 38,2 kWh и на тој начин вкупната моќност што ја развива системот е 510 PS.

Возилото е способно да забрза од 0 до 100 km/h за само 5,4 секунди, во режимот за електрично возило може да постигне автономија до 113 km (70 миљи) и очекувана автономија во реални услови за возење од 88 km (54 миљи) – доволно за повеќето сопственици да поминат 75 проценти од своите патувања со погон на струја6 – и со емисија на CO2 од само 18 g/km.1 За подолги патувања, погонскиот систем со плаг-ин хибрид технологија нуди комбинирана автономија од 740 km (460 миљи) со бензински погон и погон на струја.

 

Достапен е и погонскиот систем P440e со технологијата електричен хибрид. Овој погонски систем развива вкупна моќност од 440PS и ја има истата автономија во режим за електрично возило и ниската емисија на CO2. Исто така, нуди и беспрекорно забрзување и префинетост, од 0 до 100 km/h за само 5,8 секунди (0-60 mph за 5,5 секунди).

Од друга страна, новиот знаменосец, V8 моторот со двоен турбо полнач развива моќност од 530PS и го открива највозбудливиот карактер на Range Rover Sport, постигнува забрзување од 0 до 100 km/h за само 4,5 секунди (0-60 mph за 4,3 секунди) кога е активирана функцијата Динамично тргнување и внесува дополнително ниво на инстинктивна возбуда во серијата модели.

Во богатата понуда на погонски системи спаѓаат и P360 и P400 со технологијата делумен хибрид со редни шестцилиндрични Ingenium бензински мотори и шестцилиндричните дизел мотори D250, D300 и D350 со технологијата делумен хибрид.

Неспоредлива способност

Новиот Range Rover Sport е верзијата на луксузен SUV со високи перформанси на Land Rover со најдинамична способност досега и најподобното возило надвор од асфалтираните патишта. Системот Интелигентен погон на сите тркала (iAWD) се интегрира со најновите иновации и технологии за движење по секаков терен за да го гарантира своето пространство од динамички можности.

Рори О`Марху (Rory O’Murchu), Директор за возила, Jaguar Land Rover, изјави: „Напредната динамика на шасијата на новиот Range Rover Sport придонесува за неговата неизмерна подобност надвор од асфалтираните патишта, целосно искористувајќи го својот хардвер и софтвер. Ова е првото возило со нашиот нов систем Приспособлива контрола на патната брзина за теренско возење, систем што беше проектиран за да им помогне на возачите да се фокусираат на управувањето со возилото преку обезбедување на рационално и комфорно движење по незгоден терен“.

Системот Приспособлива контрола на патната брзина за теренско возење е еволуција на системот Контрола на движењето по секаков терен и му овозможува на возачот да ја постави посакуваната брзина и ниво на комфор со избор на една од четирите поставки, преку тежок терен. Ова е првиот Land Rover со овој систем и подобрени перформанси за теренско возење во серијата модели. Овој систем му овозможува на возачот да се фокусира само на управувањето со возилото по предизвикувачки терен.

Системот Теренска реакција 2® автоматски ги забележува подлогата и теренот и ја приспособува шасијата за да може да се справи со ситуацијата на најдобар начин, а за тоа го информира возачот преку екранот на допир на Pivi Pro. Овој систем работи во хармонија со бројните системи за шасијата за да се постигне најефективното движење во теренски услови.

Новиот Range Rover Sport ќе се произведува ексклузивно во фабриката во Солихал во Обединетото Кралство (Solihull, UK) покрај новиот Range Rover, на најсовремените производни линии што се сместени во истата зграда во којашто се произведуваа возилата на Land Rover од првите серии. Историската локација е духовниот дом на Land Rover и останува како нов, ултрамодерен центар за производство на Range Rover и Range Rover Sport и го претставува начинот на којшто компанијата го штити и слави своето уникатно наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot Partner Rapid

Први фотографии на рестилизираниот BMW Series 3

BMW M4 Coupe 50 Jahre BMW M

BMW M3 Edition 50 Jahre BMW M

Audi A1 Allstreet

Deep Blue C385

И официјално BMW M4 CSL

BMW ја претстави подновената Series 3

Подновена Mazda MX-30