Прастар мотоцикл Harley-Davidson од 1908 година е продаден за 860.000 евра

Неодамна на аукција во Лас Вегас беше продаден антички Harley-Davidson Strap Tank од 1908 година и тоа за вкупна цена од околу 860.000 европски банкноти…

Се разбира во цената се вклучени и трошоците на аукциската куќа. Иако оваа сума не го прави најскапиот мотоцикл некогаш продаден на аукција, сепак е значителна сума за машината што ја направи познатиот производител Милвоки. Според достапните информации, мотоциклот бил во сопственост на извесен Дејвид Јулеин повеќе од шест децении.

Мотоциклот го доби името Strap Tank поради фактот што резервоарите за гориво и масло се обвиткани околу пречката на рамката со помош на со никел прекриени ленти .

Иако обој мотоцикл во одреден момент е обновен, поголемиот дел од него е во оригинална состојба, вклучувајќи го резервоарот, тркалата, макарата на моторот, прекривката на седиштето  како и придушувач.

За многумина, Strap Tank е еволуција на првиот мотоцикл Harley-Davidson што Вилијам С. Харли (Williams S. Harley) и Артур Дејвидсон (Arthur Davidson) го направија заедно.

Направени се вкупно 450 примероци од овој продукт на две тркала, но само десет од нив преживеале до денес, па токму затоа и нивната вредност е астрономска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati отворен за развој на мали електрични мотоцикли

BMW ја проширува линијата R 18 со нов „крузер“

Tesla Model S најавува подолг досег со помали гуми

Suzuki го задржа GSX-S750 во својата линија за оваа 2023 година

Моќниот KTM 1290 Super Duke RR во лимитирана серија

T.50 во производство!

CFMOTO подготвен да го разбранува пазарот на електрични мотоцикли

Ducati почна со производството на Scrambler моделот

Kymco i-One