Пред 120 години основана Италијанската фабриката за автомобили Торино

Вчера, 11 јули, 1899 година е основан FIAT (Fabbrica Italiana Automobili Torino) најголемиот производител на автомобили од Италија што има пресудна ролја во развојот на автомобилската индустрија и автомобилскиот мото спорт, а денес на пазарот го нема реномето што го заслужува иако е водечки член на Групацијата FCA (Fiat Chrysler Automobiles)…

На поновите генерации речеиси е неможно да им се објасни колку големо влијание имал Fiat, најголемиот производител на абвтомобили од Италија, на речиси сите аспекти во автомобилската индустрија, не само во Италија и во нашите краишта, туку и на глобално рамниште.

Денес марката ни од далеку не тоа што нејзината историска големина го означува но сепак се уште се држи и се уште дава придонес и тоа значаен во историјата на автомобилизмот. Многумина слушнале за воцот кој вели дека во Франција државата го поседува најголемиот производител на автомобили а во Италија приказната е сосема спротивна.

Неверојатната приказна за успесите на компанијата Fiat почнала на вчерашен ден пред 120 години,кога во  Palazzo Bricherasio во Торино, група инвеститори на чело со Џовани Ањели (Giovanni Agnelli) основа компанија под име Fabbrica Italiana Automobili Torino,  со намера да започне производство на автомобили.

Ањели ја водел компанијата, на поширок, би можело да се рече и на политички план, но и како оперативен раководител, благодарение кому Fiat, веќе до 1920 година држи дури 80 % оа автомобилскиот пазар во Италија.

Од самиот почеток на ширењето во другите сегменти бил интегрален дел од стратегијата на корпорацијата па веќе од 1903 година се произведени првите камиони, a само неколку години подоцна се вклучиле и во пионсреските дено на авијацијата.

Не смее да се заборави ниту тоа дека во првите 25 години на 20-от век биле најуспешни производители на тркачки автомобили во Европа, a по нивното повлекување, нивните поранешно вработени под капата, прво наo Alfa Romeо, а подоцна и на Ferrari, ја продолжуваат доминацијата. Поради тоа може слободно да се рече дека токму Fiat бил „изворот“ на секоја школа  на црвените италијански тркачки автомобили.

Но тоа што компанијата најмногу ќе го задолжи светот бил неверојатниот низ на технолошки иновации и, дури пред се, генијални конструкциски решенија, што подоцна останатите производители низ светот ќе ги копираат. Таа приказна можеме да ја следиме од првиот Topolinо, до Fiat 128 (од кој е изведена и Zastava 101), низ исклучителен низ на легендарни, пред се помали градски автомобили.

Видлива трага оставиле и со спортските модели, како со сопствените, така и како технолошка основа на помалите тјунери како Abarth или дестеиците таканаречени „etceterini“.

Најначајниот човек за опстојување и за растот по Втората светска војна бил Виторио Волтера (Vittorio Vollterra), што 20 тиан години го водел Fiat, се додека сеќавањата на преголемата блискот помеѓу Ањелиеви со фашистичкиот режим  на Мусолини (Mussolini) не станале доволно далечни и неважно минато за семејството на основачот да се врати на чело на Компанијата.

Волтера го започнал и пробивот на Fiat во Источниот, комунистички блок во Европа, давајќи му така стратешка предност што компанијата на тие пазари, најчесто ќе ја прокоцка по падот на комунизмот.

Иако често биле предмет на исмејување поради недоволниот квалитет, преземаат низа други производители: Lanciа, Ferrari, Abarth, Alfa Romeo, Maserati, и во новото време американската корпорација Chrysler.

Групацијата FCA (Fiat Chrysler Automobiles) денес е седмиот најголем производител.

Историски е значаен и по отварање подружници и моторизација на земјите како Шпанија, Полска, Југославија , SSSR, Tурција, Бразил, Aргентина, Египет, Индија…

Со многу подеми и падови, понекогаш изгледало дека Fiat е на работ на пропаста, a некогаш дека се најздрави помеѓу светските корпорации и го дочекаа новиот милениум.

И тоа како сопственици на поголемиот дел на автомобилската индустрија на Италија, но и со значително учество на лукративниот автомобилски пазар во САД.

Покрај тоа, многу сесилни во Бразил, но за жал во Европа резултатите, веќе подолго време , се далеку под некогашното ниво…

Среќна 120 годишнина …

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аукција на реткиот егзотичен караван- Aston Martin DB5 Shooting Brake

Ford Ranger со сопствена икона за паметен телефон!

Германски, возбудлив, прифатлив: Видео серија 120 години на иконите на Opel

Полицијата во Лондон воведе дронови за лов на опасни возачи и улични тркачи

LEGO мотоцјкл Harley Davidson Fat Boy

Ferrari Purosangue ќе биде посилен од Lambroghini Urus

Bentley прославува 100-ти роденден!

Среќен роденден Fiat 500!

BAC Mono R -Ултра лесен тркач лагализиран за јавни патишта!