Пред 40 години почна производството на Zastava 128- Народна „лимузина” на овие простори!

Производството на Zastava 128 започна пред 40 години, а првиот сериски примерок излезе од производствените линии во Крагуевац на 16 мај 1980 година, дури 11 години подоцна од почетокот на производството на овој модел во Италија…

Всушност, непосредно по престанокот на производството во Италија, пресите беа едноставно пренесени во погонит на Zastava во Крагувац, во тогашната заедничка држава- СФР Југославија.

Домашната (тогаш) верзија беше скоро целосно идентична со италијанската, односно последниот нејзин редизајн. што беше претставен во 1976 година, со пластични браници, потоа со големи задни светла, како и со фарови во форма на квадрат.

Споредено со својата хечбек верзија – „ Zastava   101“, „сто и дваесет и осум“ никогаш немала приближно слична популарност, пред се поради неговото не толку практична каросерија.

Така, до карјот на 2008 година беа произведени само 228.227 примероци на 128-та .

Рекордното годишно производство било во 1987 година со вкупно 33.447 произведени примероци.

Во јули, работниците во Zastava  собрале 3.932 примероци, што се смета за рекорден месец за Zastava 128.

Рекордното дневно производство е постигнато на 27 декември 1984 година. со вкупно произведени 132 автомобили.

Јубилејниот 100 000-ти примерок излезе од производните линии во 1986 година, а 200.000-от четири години подоцна.

Произведените примероци вклучуваат и многу за извоз, кои Zastava   ги извезува во Египет, каде што беа составувани и се сметаа за домашен производ.

Покрај спојлерот и логото на марката Nasr, немаше други поголеми промени во однос на верзијата од Крагуевац.

Покрај Египет, Zastava 128 се извезуваше и на некои европски пазари, вклучително и Велика Британија, каде беше продадавана под името „ Yugo 411“, каде што бројот четири укажувал на бројот на врати, а брјот 11 била ознаката за моторот  од 1100 кубни сантимтри, што ослоборувал моќ од скромни 55 КС.

Исто така, тој беше најзастапениот мотор во Zastavа 128, додека 1300 со 65 КС беше инсталиран многу поретко.

Во Италија, но и во светот, Fiat 128 беше доста успешен автомобил.

Тој заслужено ја освои титулата автомобил на годината во  Европа -1970 година, пред се заради екстремно напредните технички решенија што се актуелни и кај денешните автомобили.

  

Тој беше пример за многу производители кои своите нови модели ги засноваа на Fiat 128.

Некои од нив достигнаа конструкциски стандарди дури 11 години по почетокот на производството на Fiat 128.

Имал бројни верзии и деривати, вклучувајќи: караван, roudster и coupе, додека неговата hatchback верзија, „ Zastava101“, е  првиот светски модерн hatchback со погон на предните тркала, назабена летва на управувачот, попречно поставениот мотор, погнски запчаст ремен, McPherson суспензијата и сопирачките на предните дискови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач

Murray T.50 со премиера во Август

Видео: Ken Block дрифтува во монструмот со шест тркала на Ford

Nissan се враќа на голема врата со дузина нови модели!