Предната камера на Opel ја освои наградата „Car Connectivity Award 2019“

Читателите на Auto motor und sport гласаат за предната камера како „ѕвезда според цената“, за тоа што е основа за системите за помош, како што се предупредување за преден судир во Astra и во Insignia…

При тоа  потсетуваме дека и претходните генерации на предната камера на Opel веќе освоија бројни награди…

Иновативната предна камера на Opel ја освои наградата „Car Connectivity Award 2019“.

Системот, кој се нуди во предводникот на Opel, моделот Insignia и најпродаваниот компактен модел Astra, беше као победник во категоријата „ѕвезда според цената“ од читателите на авторитативното германско списание за автомобили, auto motor und sport и подкастoт Moove.

Предната камера на германскиот автомобилски бренд веќе освои многу награди во претходните генерации и е стандардна опрема за неколку варијанти на модели.

Тоа е клучна компонента на бројните системи за помош на возачот, како што се предупредување за преден судир и возење во сопствената.

Opel отсекогаш ја правеше достапна иновативната технологија на широка база на клиенти“, изјави  Харалд Хампрехт, заменик претседателот за комуникации, на доделувањето на наградите во Штутгарт.

„Популарната предна камера е добар пример. Ние сакаме да им понудиме на нашите клиенти автомобили што се напредни, како и безбедни и удобни. Читателите го сакаат истото, па затоа сме особено задоволни што ја освоивме оваа награда “.

Годинава беше шести пат читателите на auto motor und sport и Moove да ги избираат победниците на „Car Connectivity Award“.

Тие можеле да избираат од автомобили и технологии во 11 категории, од „телефонска интеграција“ и „ѕвезди според цените“ до „поврзани е-автомобили“.

Инаку, повеќе од 12.000 читатели и корисници учествуваа во годинешниот избор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Audi TT со средишно вграден мотор!

Романија, Бугарија и Србија повторно во трка да го привлечат VW

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Освежен Volkswagen Passat -Best company car во 2019

Hyundai во нови технологии инвестира 35 милијарди долари

Парламентот во Германија пресече на Autobahn и натаму без лимит на брзина

Од PЅА потврдија Peugeot Expert и Citroën Jumpy на струја!

Најавен Morris JE – електрично комерцијално возило

Bentley го потврди стартот на производството на Flying Spur