Предупредување: ЕУ воведува посебни давачки за SUV модели!!!

Земјите од Западна Европа ги препознаваат вистинските виновници за зголемената емисија на штетни гасови и реагираат со „пенали“…

Додека илјадници инженери водат борба со еколозите и се обидуваат на секој можен начин да ги направат моторите со внатрешно согорување еколошки по прифатливи, на друга страна на процесот на купопродажбата има „екипа“ што верува дека им треба така наречен „теренец што тоа не е ’“.

За среќа се чини дека законодавците на Запад согледуваат дека таквата егоцентрична екипа не користи никому туку само прави штети.

Масата (тежината )на возилото не е единствениот фактор што влијае на зголемената емисија на штетни гасови, тука секако се земаат во предвид и силата и видот на погонскиот мотор.

Тие категории веќе од порано се оданочени во зависност од тоа колкава сила има моторот и дали ја исполнува оваа или таа еколошка норма.

Досега масата на возилото, што многумина ја поврзуваат со безбедноста но и со полоши возни својства, била целосно занемарена категорија што не влијаела  на тоа колку пари ќе дадете на државата како знак на „солидарност“ од една страна за на пат да можете да бидете „виден лик“ во гломазен и „трапав“ урбан теренец.

Токму тие урбани „неумешни“  возила сочинуваат голем дел од пазарот на патнички автомобили, на нив отпаѓа околу 25% до 30% ново продадени патнички автомобили на повеќето пазари во Европа.

Ако ги споредиме SUV- возилата со компактни градски автомобили и со лимузини со слични рамки на цени и со слични погонски агрегати, ќе забележиме дека SUV возилата трошат повеќе и имаат поголема емисија на штетни гасови.

Причината за тоа е поголемата маса на возилото и полошата аеродинамика, поради повишената каросерија.

Во Норвешка е веќе воведен данок на возила со поголема тежина, a се даваат попусти на возила со помала маса ( помеѓу  1,300 и 1,400 kg).

Следна на ред е Франција каде се планира да ги „пенали“ купувачите на возила потешки од 1,300 kg!.

Ќе потсетиме возила со пониска маса од таа без проблем може да се најдат помеѓу компактни градски автомобили, па дури и помеѓу помали лимузини, или пак каравани базирани врз компактни автомобили, за тие на кои им е потребен поголем простор.

Од друга страна SUV возилата имаат просечна маса од 1,500 до 2,500 kg., a Французите планираат да наплаќаат по 15 евра по секој килограм што е над одредените 1.300 kg.

Па така за Škodа Kodiaq опремена со 2.0 TDI мотор, со 4×4 погон на сите тркала и со DSG менувач со двојна спојка, тешка 1,665 kgr, ќе платите дури 5,475 евра повеќе од досега…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tesla од Германија ќе го напаѓа европскиот пазар

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!