Премиера на електричниот Porsche Taycаn на четврти (4) септември!

Познатата германска марка на спортски автомобили Porsche, дел од Групата VW во новото електрично доба ќе влезе со моделот Taycan а неговата on line глобална премиера е најавена за неколку недели –на четврти (4) идниот месец  (септември) …..

Производнмата изведба на одговорот на Porsche на Model S на Tesla Motors на публиката ширум светот ќе и биде претставен на четврти септември тековната 2019 година , пренесуваат специјализираните за автомобилизам портали.

Првиот целосно електричен автомобил на прославената германска автомобилска компанија ги задржал оссновните линии на концепт моделот – Mission E  со кој во 2015 година, во Штутгарт најави влез во светот на автомобили задвижувани со електрична енергија.

Се уште не се познати сите детали во врска со ово новитет на струја од Цуфенхаузен, но во Porsche веќе потврдија дека најмоќната верзија на Тaycan ќе понуди супериорни перформанси: забрзување од 0 дo 100 km/h за помалку од 3,5 секунди. Забрзување од 0 до 200 km/h за помалку од 12 секунди, a максималната брзина ќе биде повисока од 250 km/h.

Капацитетот на батериите (90 kWh) би требало да биде повеќе од доволен за автономија на возење со едно полнење на истите од изминати 500 km., a автономијата, дополнително, е подобрена и со одлично простудираната аеродинамичност на автомобилот како и со активната аеродинамика на каросеријата.

Благодарение, помеѓу другото и на 800-волтната технологија за поминување на дополнително растојание од плус 400 km., потребно е надополнување на батериите во траење од само 15 минути

 

Инаки, според најавите од компанијата Porsche, за моделот Taycan, во перспектива, ќе бидат понудени повеќе верзии.

 

На врвот на понудата ќебиде верзијата со погон преку двете оски со електромотори што ќе произведуваат повеќе од 600 електрични коњски сили, a основната верзија би требало да биде задвижувана од еден електромотор чија сила ќе се дистибуира само на задната оска.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје